КАФЕ ПАУЗА

Урнебесен хороскоп што ќе ве насмее до солзи

Урнебесен хороскоп кој ќе ве насмее до солзи

Често читаме сериозни хороскопи од кои се надеваме дека ќе дознаеме дека ќе ни се случи нешто позитивно, без разлика дали станува збор за љубовта, здравјето или финансиската состојба. Овој поинаков хороскоп е креиран за забава и нема намера никого да повреди. Бидете спремни на смеење до солзи, отпуштете се и споделете го со пријателите доколку пронајдете барем малку вистина за некој знак.rnrnУрнебесен хороскоп кој ќе ве насмее до солзиrn

Овен

rnПоради печатна грешка за време на првото пишување на хороскопот за знакот Овен, се верува дека тие се тврдоглави, но тоа не е вистина – личностите родени во овој знак се крајно тврдоглави. Покрај тоа, додека спијат со главата свртена кон север, тие `рчат, ги стругаат забите и често ја менуваат положбата. Овните се одлични љубовници, освен ако во подзнак не се: Бик, Близнаци, Рак, Лав, Девица, Вага, Скорпија, Стрелец, Јарец, Водолија, Риби или исто така Овен. Тие обожуваат да поставуваат чудни прашања и често се превртуваат во кревет.rnrnРаботи во кои Овните покажуваат најдобри резултати: лепење поштенски марки, помошник на заменик курир во фабрика за тестенини, одгледување полноглавци и пренесување кутии од топли во ладни простории.rnrnЗдравје: одлично, но доколку не е, се препорачуваат жолто-виолетови и црвени апчиња.rnrnНајмногу ги возбудува: прекрстување на нозете (особено лева преку десна), гестикулации, чорапи во одредени бои и егзотични парфеми.rnrnЛичностите во овој знак најлесно можете да ги освоите со намигнување.rn

Бик

rnДоколку некој е склон да позајмува пари или книги, несмасен е и често го менува расположението од необјасниви причини – можете да се обложите дека таа личност е Бик во хороскоп. Шансите да ја добиете опкладата со нив се 1:12! Биковите се сексуални манијаци, особено ако кравата е доволно луда. Инаку, тие многу лесно се заљубуваат – најчесто во огледало и тоа е најверојатно единствената работа која ќе ја понесат на пуст остров. Доколку вашиот партнер во знакот Бик ве изнесе на вечера, земете си пари со вас, бидејќи во последниот момент ќе се сети дека паричникот го заборавил дома.rnrnРаботи во кои Биковите покажуваат најдобри резултати: препродажба на пурпурни полици, фарбање камчиња, смислување дизајн на врвци за детски обувки и уредување порно детали во месарите.rnrnЗдравје: пазете се од керамиди кои паѓаат од старите кровови.rnrnНајмногу ги возбудува: очила поставени на пола нос, чешкање колено со нокти и сркање супа.rnrnЛичностите во овој знак најлесно можете да ги освоите со чешкање позади увото.rn

Близнаци

rnДоколку некој често повторува еден збор двапати, тоа сигурно е личност родена во знакот Близнаци. 92% од Близнаците, доколку треба да одберат помеѓу пивтија и ракчиња за ручек, тие секогаш ќе изберат пивтија и по тоа најлесно можат да бидат препознаени. Тие се слаткоречиви, обожуваат да употребуваат деминутив, склони се кон претерано јадење и често ги фрлаат чорапите под кревет пред спиење. Сакаат чисти чаршави и нечисти страсти. Морничаво се љубоморни, а особено во парните денови.rnrnРаботи во кои Близнаците покажуваат најдобри резултати: закачување закачалки, тресење тепих, пишување рекламни слогани за јоргани и дресирање лалиња да цветаат на лево.rnrnЗдравје: мерете го притисокот барем еднаш во 18 години.rnrnНајмногу ги возбудува: душкање, дупка на чорапот и мрдање со носот за време на разговор.rnrnЛичностите во овој знак најлесно можете да ги освоите доколку ги камшикувате.rn

Рак

rnНа Раковите кикиритките им се голема страст, а чоколадото им е опсесија. Често се будат навечер и го вознемируваат домашниот фрижидер. Многу се љубопитни и особено ги возбудуваат личностите кои ќутат. Доколку забележите некој во друштвото кој постојано шепоти во уво, ја става раката на уста кога се смее, се сопнува од теписи и често се оближува – знајте дека сте налетале на Рак. Во љубовта од партнерот бараат да бидат галени, а во сексот патат од долга предигра.rnrnРаботи во кои Раковите покажуваат најдобри резултати: редење книги на полици, лепење постери на задните делови од автобусите, полнење шишиња со кисела вода и пружање долна облека на тераса.rnrnЗдравје: покажувате знаци на нервоза доколку сте премногу долго изложени на контакт со личност со покачена температура.rnrnНајмногу ги возбудува: мрдање со уши, чешкање надлактица и силен парфем.rnrnЛичностите во овој знак најлесно можете да ги освоите доколку ги бакнувате во уво.rn

Лав

rnНивните очи сјаат кога додаваат сол во веќе солена супа, секогаш влегуваат од средната врата на автобусот, помпезно одговараат на телефон, први влегуваат во лифт и обожуваат столици за лулање – тоа се Лавовите. Во љубовта се срамежливи сѐ додека не им ја откриете омилената точка. Во сексот се освојувачи доколку главата им е свртена кон север, а грбот кон ѕид – инаку се просечни. Обожуваат да се возат на совозачкото место.rnrnРаботи во кои Лавовите покажуваат најдобри резултати: ковање клинци, работа на лента во фабрика за перики, уредување натписи „отвори овде“ на кесички за супа и чистење со правосмукалка низ домот.rnrnЗдравје: претежно добро со мали до умерени нервни сломови.rnrnНајмногу ги возбудува: грицкање нокти на нозете, оближување и намигнување.rnrnЛичностите во овој знак најлесно можете да ги освоите доколку со бакнеж им ја затворите устата.rn

Девица

rnТие клоцаат во кревет, обожуваат да седат во скут, ги прескокнуваат линиите кога одат по тротоар, сакаат да се ценкаат и да се тушираат со ладна вода – ова се карактеристиките на една Девица. Кога пишуваат, ставаат запирки и, каде што треба, и, каде што не, треба во, реченицата. Во љубовта, во еден момент се нормални, а во друг се спровираат низ клучалка. Во сексот се диви, но само кога се наоѓаат на тврда подлога. Многу се трпеливи – најсмирено ќе ви објаснат зошто доцнат на состанокот.rnrnРаботи во кои Девиците покажуваат најдобри резултати: дегустација на алкохолни пијалаци во фабрика, подесување жолто светло на семафори, чешлање папагали, учество во одбори за штрајк и полевање цвеќиња.rnrnЗдравје: доколку не ги земаме предвид умниците, добро е.rnrnНајмногу ги возбудува: трепкање, пукање прсти и милување на подбрадокот.rnrnЛичностите во овој знак најлесно можете да ги освоите доколку им кажете „Ќе ги скршам своите коски пред појасот на невиноста“.rnrnЗа останатите знаци продолжува на следната страница…rnrn