rn
rn
Вага
rnУште од мала возраст не можат да се одлучат помеѓу две парчиња облека, ги меркаат минувачите на улица и шлапкаат додека јадат – тоа се Вагите. Доколку некоја личност во друштвото тврди дека зебрата не е бела со црни пруги, ниту пак црна со бели пруги, туку зелена со црно-бели пруги, тогаш таа личност покажува карактеристики на Вага. Омилена забава им е гледање тенис: лево – десно, лево – десно, лево – десно… Во љубовта паѓаат на цитати, а во сексот на диктати.rnrnРаботи во кои Вагите покажуваат најдобри резултати: монтирање хауби во фризерски салони, поставување сообраќајни знаци во жив песок и вградување шпионски уреди на чепкалки за заби.rnrnЗдравје: промаја во глава.rnrnНајмногу ги возбудува: бакнеж во колено, чешкање на глуждот и мрморење.rnrnЛичностите во овој знак најлесно можете да ги освоите со галење и разгалување.rn
Скорпија
rnСкорпијата прегазена со валјак остава најмногу дамки на бетонот од сите хороскопски знаци. Инаку, Скорпиите обожуваат да се искачуваат на листопадни дрвја, сакаат долги прошетки низ купатилото и кујната, на вратите на кои пишува „повлечи“ – секогаш туркаат и страдаат од телефонски разговори кои се нешто пократки од вечноста. Тие се заљубуваат на прв поглед само на нудистичка плажа. Склони се да подбуцнуваат.rnrnРаботи во кои Скорпиите покажуваат најдобри резултати: сите работи кои подразбираат употреба на пинцети, чекање ред пред шалтери, гасење свеќи од роденденски торти и крпење ракавици.rnrnЗдравје: минливо добро.rnrnНајмногу ги возбудува: гушкање околу половината, напрчени усни и чешкање на скалпот.rnrnЛичностите во овој знак најлесно можете да ги освоите доколку постојано им подарувате ситници.rn
Стрелец
rnДоколку сите места во автобусот се слободни, Стрелецот ќе седне на она кое е резервирано за мајка со дете. Нема поголеми инаети од нив – за инает ќе престанат да тераат инает. Обожуваат мусака, сладолед, групни излети, прелистување стари албуми и останати лепливи работи. Омилен дел од облеката им е патентот. Во љубовта лошо се облекуваат, но затоа пак во сексот одлично се соблекуваат.rnrnРаботи во кои Стрелците покажуваат најдобри резултати: одгледување отровни печурки, пишување упатства за употреба на фен за коса и пакување бурек во дрвени кутии.rnrnЗдравје: проблеми со работата на огледалата наутро.rnrnНајмногу ги возбудува: скокоткање по бутовите, коњско опавче и триење на рацете.rnrnЛичностите во овој знак најлесно можете да ги освоите доколку ги запаметите сите важни датуми поврзани со нив.rn
Јарец
rnЈарците се исклучително практични личности – нивната девиза е: купете постер наместо телевизор – поевтин е, само послабо се слуша. Тие се многу темпераментни, особено во заглавен лифт. Ја следат модата со разгледување по излози и имаат невообичаени хобија како што се собирање нокти од познати личности, чаршави од крајот на 19-ти век или сликички од фудбалери од 3-тата лига на Австралија. На Јарците омилени детали од уметноста им се: Д-дур, уметнички точки и мртва природа.rnrnРаботи во кои Јарците покажуваат најдобри резултати: анализа на отпад во фабрика за конзерви, осветлување во ресторани за брза храна и фарбање саксии во жолта и сина боја.rnrnЗдравје: без тешкотии, освен редовната хипохондрија.rnrnНајмногу ги возбудува: шепотење, чудни гримаси и пиење течност од цевка.rnrnЛичностите во овој знак најлесно можете да ги освоите со мрежести хулахопки.rn
Водолија
rnВодолиите имаат таков карактер што како омилена ТВ серија би им одговарала онаа што би била насловена „Извинете што пречам“. Омилени слатки им се гурабиите и туфахиите. Тие се многу имагинативни и претпоставуваат дека Пепелашка имала одвратно голема нога штом штиклата ѝ одговарала само нејзе. Омилен дел од денот им е ноќта.rnrnРаботи во кои Водолиите покажуваат најдобри резултати: дизајнирање ТВ антени на кои штрковите со задоволство ќе слетуваат, внесување палачинки и мелено месо во желудникот, масажа на долните `рбетни пршлени и испитување на пазарот за производство на гумени масички за столни ламби.rnrnЗдравје: одлично со извесно поткашлување при минување на кривините на животот.rnrnНајмногу ги возбудува: ситни мустаќи, отежнат говор и јазик кој се гледа низ забите при смеење.rnrnЛичностите во овој знак најлесно можете да ги освоите со смеење до солзи.rn
Риби
rnДоколку некој прво ги проверува имињата на уметниците на уметничките дела – се работи за Риби. Склони се кон икање, и тоа и кога никој не ги спомнува. Идол на сите Риби е Марфи: доколку постои и најмала можност нешто да тргне наопаку, тоа и ќе се случи. Во љубовните врски, Рибите најмногу обожуваат подвезици. Подарокот за роденден кој најдолго време го отворате, сигурно го спакувала некоја Риба. Тие се алергични на боранија и отворени шахти. Омилени книги им се оние со тврди корици.rnrnРаботи во кои Рибите покажуваат најдобри резултати: одделување тегли со ајвар од тегли со краставички на полиците во маркетите, стискање митесери, менување сијалици на ниски лустери.rnrnЗдравје: можно е мало несогласување со 2-3 вируси.rnrnНајмногу ги возбудува: мрдање со уши, штипење по нозе и триење на домалиот прст.rnrnЛичностите во овој знак најлесно можете да ги освоите со изненадувања и милување по образите.rnrnПогледнете го и овој смешен хороскоп: Како (не) се извинуваат сите знаци?

