Иако во моментов имате многу повеќе време за квалитетен сон, стресот и вознемиреноста станаа главните причини за несоница кај многу луѓе. Во текот на денот сте уморни, а кога треба да заспиете, тоа е исклучително тешко. Некои страдаат од напади на паника кога одат во кревет и слушаат само тишина, а некои не можат да заспијат заради многуте мисли и грижи. Лековите можеби не се најдобриот избор затоа што тие може да предизвикаат халуцинации, а некои може да ви ја нарушат моториката во текот на следниот ден. Новите душеци и перници може да бидат едно од решенијата, но прво пробајте ги овие природни методи пред да заминете на шопинг од кој ќе ве боли главата.rnrn
rn
Смирувачки звуци
rnСо помош на апликацијата Sleepa можете да направите ваша сопствена комбинација на звуци (бранови, штурци, капки вода и сл.) и да ја поставите да се исклучи по одреден временски период.rn
Стол за нишање
rnИако нишањето е типично за заспивање на бебињата, истражувањата покажуваат дека тоа им помага и на возрасните, па можеби сега е време да инвестирате во додаток за вашиот дом што ќе ви помогне полесно да заспиете.rn
Јога
rnПостојат многубројни вежби за истегнување или лесни јога вежби за релаксација пред спиење кои за само 15 минути ќе успеат да го опуштат вашето тело доволно за да заспиете порано.rn
Утрински тренинг
rnКолку порано ќе се разбудите и ќе вежбате, толку подобро ќе спиењето во текот на ноќта. Истражувањата покажаа дека луѓето поминуваат 75% повеќе време во длабок сон кога прават утрински вежби.rn
Природен сок од цреша
rnМелатонинот е совршен хормон кој помага во регулирање на циклусот на спиење, а црешата содржи високо ниво на мелатонин, така што редовното консумирање на овој сок има големи придобивки за вашето тело.rn
Температура на собата
rnНемојте премногу да ја затоплувате просторијата во којашто спиете и не заборавајте да ја проветрите пред спиење. Оптималната собна температура треба да биде 16-20 степени.rn
Етерични масла
rnАко имате проблеми со дишењето или со ‘рчењето ноќе, испрскајте етерично масло од еукалиптус на перницата за подобар сон.rnrnЕтеричнотот масло од лаванда се користи за опуштање на мускулите, за смирување, но од него имаат корист и луѓето со алергии.rnrnЕтеричното масло од камилица се користи за справување со несоница и депресија.rnrnЕтеричните масла од сандалово дрво, од мандарини и од ореви се најдобри во борбата против стресот, вознемиреноста и депресијата.rnrnПрочитајте која перница е идеална за вас во зависност од начинот на којшто спиете.