Додека нашите ефекти на животната средина се огромни и за жал негативни, некои луѓе сè уште се рамнодушни. Климатската промена е реалност и се влошува од ден во ден, па проблемите сè повеќе стануваат видливи и ни го привлекуваат вниманието.rnrn
rnrnКлимата се менува многу брзо, при што влијае на сите форми на живот на Земјата и доведува до последици на природните екосистеми, биолошката разновидност, здравјето, човековата економија и слично.rnrnКако што нè предупредија научниците, глобалните климатски промени доведоа до огромни негативни ефекти на животната средина.rnrnНекои од тие ефекти се интензивните и долги топлотни бранови, загубата на морскиот мраз, забрзаното покачување на нивото на морињата… Како што глечерите се намалија, така мразот од реките и езерата прерано се топи, опсегот на растенија и животни се промени и дрвјата цветаат предвреме.rnrnСтигнавме до точка од која нема враќање назад, па повеќе не можеме да го негираме или игнорираме нашето влијание на планетата. Наместо тоа, треба да станеме свесни за важноста на нашите дејствија, како и за тежината на проблемот и по секоја цена да се обидеме да ја спасиме планетата за нас и за идните генерации.rnrnВо продолжение погледнете ги фотографиите кои го илустрираат начинот на кој го менуваме светот:rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrnПогледнете ги и овие 12 чудни и неочекувани последици кои настанале од промената на климата.
Запрепастувачки фотографии кои покажуваат дека човештвото го достигна врвот на рамнодушноста
