Промената на климата предизвикува вистински хаос – нивото на морето се зголемува, мразот се топи и уште посилни природни катастрофи се на повидок. Сепак, многу е веројатно дека не сте свесни за многуте работи што овој феномен под влијание на човекот ќе ги предизвика. Ајде да погледнеме во блиската иднина и да видиме што ќе ни донесе светот кој се стоплува.
rn
1. Ќе се разболувате повеќе, можеби ќе добиете и дијебетес
rnМногу истражувања покажале дека ако опкружувањето стане потопло, многу болести ќе напредуваат. Бројот на комарци кои носат разни вируси ќе се зголеми, загаденоста на водата ќе стане почеста, загадувањето на воздухот ќе трае подолго и оние кои имаат алергии ќе почнат да ги чувствуваат порано од обично и ќе траат подолго. Луѓето во потопли околини исто така не се во можност ефикасно да се ослободуваат од шеќерот во крвта. Па, со секое зголемување на температурата, многу луѓе ќе почнат да добиваат дијабетес тип 2.rn
2. Сибирот ќе се претвори во огромна запалива трамбулина
rnПочвата околу сибирскиот Арктик е полна со бактерии кои произведуваат метан. Тој обично е сместен во најгорниот дел од мразот, но како што тој дел од светот се затоплува двојно побрзо од кој било друг, метанот заедно со многу јаглерод диоксид се ослободува во атмосферата. Многу од него привремено останува заробен во „џебови“ од влажна земја. Ова значи дека има околу 7.000 области во Сибир каде што почвата е „жива“, и доколку имате запалка, многу запалива.rn
3. Северниот пол ќе заврши во Европа
rnОва се однесува на географскиот Северен пол. Како што веќе знаете, Земјата се врти околу својата оска која е од врвот до дното на планетата. Но, благодарение на затоплувањето, многу мраз се топи и многу вода се движи низ земјата навистина брзо. Ова ќе ја промени рамнотежата на масата на Земјата па планетата ќе се прилагоди со тоа што ќе го промени аголот на ротационата оска. Ова значи дека Северниот Пол се движи источно кон Европа околу 10 сантиметри годишно, почнувајќи од 2000-та година.rn
4. Ќе има повеќе вулкански ерупции
rnМногу вулкани, посебно на места како Исланд, се покриени со огромни глечери. Кога ќе се стопли тој регион, мразот ќе се растопи и ќе има два разни ефекти. Прво, дел од водата од мразот ќе се измеша со околната магма и ќе предизвика силни експлозии. Второ, ако се растопи доволни мраз ќе се намали притисокот врз магмата во вулканот, па ова ќе предизвика еруптирање на самиот вулкан.rn
5. Ќе се појават хибриди од поларни и гризли мечки
rnКако што изгледа, потомците на овие два вида се појавуваат сè почесто. Причината за ова е намалување на мразот на Арктиткот па поларните мечки полека се преселуваат на копно и се размножуваат со тамошните гризли мечкчи.rn
6. Економијата ќе пропадне
rnИстражување од 2006 година открило дека со поголеми природни катастрофи ќе расте цената на фосилните горива. Нови анализи покажале дека светот може да изгуби до 19 трилиони долари до 2050 година бидејќи нема да се користи ефтина обновлива енергија. Накратко, доколку сакате да го спасите светот и да станете богати, откажете се од јагленот и набавете си соларен панел.rn
7. Ќе се појават „кругови“ на мразот
rnНе станува збор за мистериозните кругови во жито кои се појавуваат низ целиот свет, туку за чудни формации кои се појавуваат на површината на замрзнати езера и мориња. Тие се формираат преку природен процес каде што слоевите тенок мраз се придвижуваат еден врз друг. Потопло време би значело потенок мраз, па овие појави ќе станат почести.rn
8. Виното ќе поскапи и ќе го изгуби убавиот вкус
rnПотоплата клима може ќе им годи на некои лозари како во Нов Зеланд, но во повеќето земји лозјата нема да можат да ја издржат промената. Чиле, Франција, Аргентина и Јужна Африка имаат намалено производство на вино, а исто така се намалува и неговиот квалитет.rn
9. Патувањето со авион ќе стане „потрнливо“
rnТурбуленцијата не може да сруши авион, но никој не ужива во неа. Климатските промени предизвикуваат промена во воздушните струења што само ќе ги влоши турбуленциите.rn
10. Ќе се зголеми веројатноста да бидете убиени
rnПоради недостигот на вода и храна, нестабилните нации ќе станат уште понестабилни поради зголемувањето на температурата. Како што покажале истражувањата, ова ќе доведе до повеќе граѓански војни, повеќе насилство и повеќе смрт.rn
11. Пекинг ќе исчезне во чад (или смог)
rnСигурно знаете дека Пекинг има проблем со смог. Смогот, кој е создаден од фабриките за фосилно гориво и зголемениот сообраќај се влошува поради многу чудна причина. Како што се топи мразот на Арктикот, се предизвикува поголемо испарување кое пак предизвикува воздушните струи над централна Азија да бидат во застој. Ова значи дека воздухот над Пекинг станува неподвижен па ќе биде потребно многу повеќе време за да се расчисти.rn
12. Противниците на климатските промени ќе станат поиритирачки
rnЗа жал, скорешно истражување покажало дека без разлика колку е образован еден човек, тоа нема да влијае на неговото мислење за глобалното затоплување, ураганите, поплавите и слично. Вознемирувачко е што колку пообразовани се луѓето, толку помалку веруваат во науката зад глобалното затоплување.
Погледнете и зошто климатските промени се лоши за вашето психичко здравје.


