23-годишна девојка по дипломирањето добила неверојатни совети од своите професори
Дваесеттите години се полни со предизвици и донесување одлуки во сечиј живот. Натрупани со толку многу животни избори што ќе им го променат животот на адолесцентите, тие честопати се збунети и не знаат што да прават. Многумина мислат дека оваа декада е време кога секој треба да ги има сфатено своите желби, аспирации, цели и секако дека треба да се имаат поставено основите на кариерата.
Како и да е, понекогаш потребно е повеќе и од една декада за да се разрешат сите нешта. Не е изненадувачки зошто толку многу млади луѓе се под стрес кога се соочуваат со притисок кога треба да одлучат како ќе изгледа нивниот живот. Кери, која има 23 години и ја работи својата прва работа страшно е загрижена и се прашува што е следно. Магистрирање? Правни науки? Доктор на науки?
Таа одлучила да разговара со неколку нејзини професори и да ги праша дали би можеле да ѝ дадат совет. Таа ги прашала каков совет би си дале на самите себе во младоста во таков неизвесен момент. Еве што ѝ одговориле:
1. „Не се грижи премногу, работите ќе се разјаснат сами.“
2. „Во свет преполн со ставови и коментари, твојот став е најважен кога донесуваш одлука.“
3. „Во ред е да бидеш себична и да се ставиш себеси на прво место, тоа е потешко да се прави подоцна.“
4. „Кога станува збор за образование, цели високо и давај сè од себе. Тоа е доживотна инвестиција и сигурно ќе ти се исплати за одреден период.“
5. „Не ги прави работите само затоа што твоите пријатели, или уште полошо, затоа што родителите ти кажале да ги правиш.“
6. „Во ред е одвреме-навреме да направиш пауза, тоа е сосема разумно.“
7. „Ти си млада. Ти си млада. Млада си. Можеби ќе се чувствуваш многу старо, а не си постигнала многу, но јас имам 43 години и сè уште се чувствувам младо. Можеби да направиш толку многу. Прави што сакаш, подоцна грижи се за твојата возраст.“
8. „Кремите против стареење и за заштита од сонце се одлична инвестиција.“
9. „Уживај во неизвесниот период и во слободата, во несигурното патување. Кога можеш да не правиш ништо, не прави ништо. Нема да биде така подоцна. Верувај ми кога го зборувам ова затоа што кога ќе погледнеш наназад, ќе ти недостига.“
Според неа, последниот совет ѝ е омилен и навистина ја погодил во срце.
Кери ги споделила овие совети со нејзините Твитер пријатели и изјавила дека овие остварени луѓе што биле нејзини професори ја работеле работата од своите соништа, дипломирале на елитни училишта како Харвард, Оксфорд, Стенфорд и што е најважно таа им верува со целото нејзино срце. Со споделувањето на советите, таа инспирирала многумина што се наоѓаат во неизвесен период на донесување одлуки. Добила многу позитивни реакции од сите кои се наоѓале во слична ситуација и била преплавена од изрази на благодарност поради тоа што успеала да ги мотивира.
Се надеваме дека овие совети ќе успеат да ве мотивираат и вас кои се наоѓате пред нови животни предизвици.
Прочитајте ги и овие цитати што ќе ви ја покажат моќта на образованието.