Многу родители се загрижени за тоа што детето им оди во градинка, но едно ново француско истражување покажало дека нема причина за грижа. Ако вашето дете оди во градинка, и ако се чувствувате виновни затоа што не сте со него, тогаш овие резултати многу ќе ви се допаднат.rnrn
rnrnИмено, според француските истражувачи, децата што одат во градинка се посоцијални во однос на оние што не одат. Иако овие резултати се можеби и очекувани, сепак тоа што изненадува е фактот што овие деца подобро се однесувале во однос на оние што биле дома со родителите или пак, со дадилка.rnrnИстражувањето го следело емоционалниот развој на 1.500 деца, од раѓање до 8-годишна возраст. Во текот на тоа време, родителите пополнувале редовни анкети за однесувањето на детето, за нивното ментално здравје, како и за статусот за нивната грижа во првите 3 години.rnrnПозитивното влијание од градинката не било забележливо само во најмладите години, туку и во нивниот понатамошен развој. Тие едноставно покажувале помалку проблеми со однесувањето, како и помалку социјални проблеми во раната адолесценција.rn
„Висококвалитетните градинки во првите години од животот на децата можат да им го подобрат однесувањето, како и когнитивниот развој на децата. Потоа, тие можат да ги спречат емотивните потешкотии и да го подобрат социјалното однесување“, објаснува д-р Марија Меклор, една од авторките на истражувањето.
rnОва не значи дека родителите не се грижат добро за своите деца, ниту пак дека тие треба да го сменат стилот на родителството, туку дека ако одлучат да ги пратат во градинка своите најмали, не треба да чувствуваат вина за својот избор.rnrnНа овие родители од градинка им кажале да ја облекуваат ќерка им како „девојче“ и нивниот одговор е брилијантен!