Многу луѓе зборуваат остро за нивните бивши партнери, создавајќи лоша врска по разводот. Гледајќи го ова и нивните деца се вознемируваат, но тоа не е случајот со Били Флин Гадбоа.rnrn
rnrnНаместо да зборува лошо за поранешната партнерка пред своите деца, тој одбрал да ѝ подари роденденско цвеќе со картичка. Дури и им помогнал на своите деца да подготват специјален појадок за нивната мајка. Бидејќи тие се разведени, тој можел да тргне во друга насока и едноставно да не ѝ подари ништо. Можел да го игнорира нејзиниот роденден и да ѝ зборува зад грб додека неговите деца поминуваат време со неа.rnrnНо, тој избрал различен пат, и искрено, ние му даваме целосна поддршка за неговата одлука. Подоцна го напишал и неговото мислење за овој чекор, објаснувајќи:rn
„Денес ѝ е роденден на мојата бивша сопруга, па јас станав рано и купив цвеќиња, картичка и подарок за децата да ѝ го дадат. Дури им помогнав и да ѝ направат појадок. Како и обично, ме прашаа зошто по ѓаволите сè уште правам работи за неа. Ова страшно ме нервира. Па еве, сега ќе ви објаснам на сите.rnrnЈас растам две мали момчиња. Примерот кој го поставувам за тоа како се однесувам кон нивната мајка ќе биде од голема значајност во формирањето на нивниот поглед во однос на врските и третирањето на жените. Мислам дека ќе биде од многу поголемо значење во мојот случај, бидејќи сме разведени.rnrnПа, доколку немате воспоставено добар однос со вашиот бивши партнер за вашите деца, средете си го ср***то. Издигнете се и поставете пример. Ова е многу поголемо од самите вас. Израснете добри мажи. Израснете силни жени. Ве молам. На светот му се потребни, повеќе од кога и да било.“
rnИ додека тој признава дека не било лесно и дека требало многу работа за да изградат здрав однос по нивниот брак, нив им било многу важно да ја направат вистинската работа за нивните деца.rn
Автор: Ана Патриклиева