Неверството е нешто преку што паровите многу тешко поминуваат, а некои никогаш повеќе не можат да бидат со партнерот што ги изневерил. Но, брачната терапевтка Мети Силвер која со години се среќава со парови и изнаоѓа решенија за нивните проблеми, тврди дека изневерувањето може да ги спаси врската и бракот.rnrn
rnrnСпоред неа, неверството не мора нужно да се доживува како нешто лошо, всушност после тоа врската може да биде и поцврста. Затоа таа ги советува паровите да бидат потолерантни во случај да дојде до ваква ситуација.rnrnРаскинувањето не мора да биде следниот чекор. Напротив, според Силвер:rn
„Ако го простите неверството и се обидете да сфатите зошто тоа се случило, тоа може да ви помогне да ви станат работите појасни и да добиете одговори на некои прашања за кои не сте разговарале со партнерот.“rnrn„Поентата не е да го обвинувате партнерот, туку неопходно е да разговарате по ваквата ситуација за тоа што го навело на неверство и да размислите како вашата врска би можела да се подобри“, тврди таа. На крајот дополнува и дека „некогаш разводот беше таму тема, а денес тоа е неверството“.
rnСпоред неа, пониската стапка на разводи во европските земји се должи на фактот што луѓето овде се повеќе склони да ги прифаќаат нештата.rnrnСепак, за повеќето од нас, и понатаму е контроверзно ова прашање. Имено, дали би простиле неверство за да си го спасите бракот?rnrnПроверете и на која возраст мажите и жените најмногу изневеруваат.