Како правилно да одгледувате лаванда во вашата градина?
Лавандата на многумина им е омиленото летно растение со препознатлив мирис, кое без проблем може да се одгледува и во домашната градина. Мирисот на оваа медитеранска билка одма нè потсетува на лето, море и сол во зраците. Со оглед на тоа од каде потекнува лавандата, таа е едно од оние растенија кои го обожаваат сонцето и тоа им е потребно. Па, што е потребно за да може да се одгледува ова растение?
Ќе ви биде потребно сончево место и градина. Засадете ја онаму каде што ќе сонцето ќе грее до осум часа дневно, а исто така важно е да биде заштитена и од силен ветар.
Кога станува збор за засадувањето, најмногу ѝ одговара плодна земја со неутрална или послаба киселост. Отпорна е на високи температури и суша, а може да издржи подолго време без многу наводнување. Сепак, во летните денови би требало да ја вадите почесто, најмалку два пати дневно.
Важно е да внимавате да не претерувате со наводнување затоа што со тоа може да ги оштетите корените и билката може да пропадне.
Лавандата е повеќегодишно растение кое расте во облик на грмушка, а нејзиниот животен век е околу 30 години. Коренот ѝ е дрвенест и продира длабоко во земјата. Со оглед на тоа што оваа билка не сака сенка, нејзиното одгледување во стан или во куќа е ставено под знак прашалник. Градината секогаш е подобар избор, особено ако живеете во потопли краишта.
Постојат повеќе различни видови и подвидови на оваа медитеранска билка и следствено на тоа постојат различни барања за нејзино одржување.
Имено, „вистинската“ лаванда успева на плитки, планински и сиромашни подрачја, додека на хибридниот вид му одговараат длабока и плодна земја.
Таа не е посебна само по мирисот и аромата што опушта туку има и лековито својство.
Од нејзе се изработуваат различни „природни“ лекови кои помагаат за несоница, ублажување на главоболка и останати болки во телото, ја подобруваат циркулацијата, го намалуваат стресот и одржувањето на здравјето на целиот организам.
Дознајте и како да го примените есенцијалното масло од лаванда како природен лек.