Лавандата долго време се користи поради нејзиниот пријатен и релаксирачки мирис. Но, нејзините придобивки се многу повеќе од ароматерапија. Денес есенцијалните масла се навистина популарни, вклучувајќи го и она од лаванда. Лавандата е најпозната по тоа што ги намалува стресот и напнатоста, но можете да ја користите за многу повеќе.rn
1. Изгореници
rn
rnrnПовеќето луѓе користат алое вера за помали изгореници, но лавандата е можеби уште подобар природен лек. Иако алое верата ја намалува болката, лавандата има антибактериски и антисептички својства кои го поттикнуваат заздравувањето на раните. Можете да ја комбинирате со алое вера и мраз за да ја намалите болката.rn
2. Намалување на симптомите од алергија на полен
rn
rnrnЛавандата долго време се користи како природен лек за ослободување од симптомите од алергиите, особено од онаа на полен. Кога ќе се земе предвид нејзината силна арома, ова не треба да нѐ изненадува. Најдобриот начин да ја користите за алергии е да нанесете неколку капки од маслото на дланките и да вдишите длабоко.rn
3. Релаксирање и подобар сон
rn
rnrnВеќе спомнавме дека лавандата е позната по својството на релаксација. Таа е одлична и за возрасни и за деца. Понекогаш е навистина тешко да ги заспиете децата, па неколку капки масло од лаванда во нивната соба ќе ги релаксира. Со маслото од лаванда можете да ги смирите и бебињата – измешајте 2-3 капки со масло од кокос и масирајте ги стапалата на бебето.rn
4. Егзема
rn
rnrnЛавандата во комбинација со кокосово масло е одлична за кожните болести како егземата. И во овој случај помагаат нејзините антибактериски и антисептички својства кои ги намалуваат чешањето и болката.rn
5. Домашно направен лосион
rn
rnrnНема потреба да страдате од некоја болест на кожата за да ја вметнете лавандата во секојдневната грижа за себе. Измешајте неколку капки масло од лаванда со кокосово масло или шеа путер и ќе добиете домашно направен лосион што мириса неверојатно.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn
