Истражувањата потврдија: Ако јадете чоколадо секој ден, ќе бидете поинтелигентни!

Истражувањата потврдија: Ако јадете чоколадо секој ден, ќе бидете поинтелигентни!

Звучи премногу добро да биде вистинито, се согласувате? Но изгледа не е така! Според едно неодамнешно истражување, чоколадото може да биде многу корисно за вашето ментално здравје. Сепак, како и со сè останато во животот, нештата не се толку едноставни.  Секојдневното јадење чоколадо не значи дека ќе станете гениј. Од друга страна пак, за да ги почувствувате придобивките потребно е да јадете темно чоколадо, богато со флавоноиди, а не млечно чоколадо со додатоци и шеќери.

Да се сосредоточиме на добрите вести! Храната што содржи какао е позната по тоа дека може да го спречи прераното губење на сеќавањето, да го подобри квалитетот на сонот, како и да го подобри процесирањето информации од видот.

Со цел да ги соберат потребните докази за ова, група италијански научници направиле големо истражување што им покажало што се случува со мозокот само неколку часа откако личноста ќе консумира флаванол од какао, како и што се случува по редовно внесување на оваа состојка. Сè уште нема многу истражувања на оваа тема за да може да се направи споредба, па затоа е потребно повеќе да се испитува. Но, овие резултати се ветувачки и имаат потенцијал да го направат чоколадото уште популарно.

Според резултатите, какаото, односно за флаванолот што го содржи какаото, им помага на луѓето да го подобрат помнењето само неколку часа по консумирањето. Резултатите покажале и дека жените што јаделе какао по бессоните ноќи ги намалиле последиците кои доаѓаат со ненаспаноста. Токму затоа и научниците сега им препорачуваат на новите мајките да комбинираат црно чоколадо со утринското кафе.

Резултатите го опфатиле и консумирањето чоколадо кај постари личности, каде што вестите се повторно добри. Оние што консумирале какао во период од 3 до 5 месеци покажале подобрување на когнитивните тестови. Им се подобриле концентрацијата и меморијата, побрзо размислувале и подобро истражувале. Резултатите биле особено нагласени кај оние со забележана загуба на когнитивните способности поради старост.

Италијанските научници биле шокирани од ова истражување, изјавувајќи: „Овие резултати покажуваат на неверојатниот потенцијал на какаото да ги заштити когнитивните способности во староста.“

Знаевте и дека смислата за хумор ја одредува вашата интелигенција?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар