Сигурно се чувствувате лошо кога вашата коса ќе се извалка многу брзо, па сметате дека треба да ја миете почесто. Но, ова не е најдобрата идеа. Фоликулите активно се стимулираат и следниот ден таа повторно ќе изгледа нечисто. Погледнете некои од најдобрите трикови кои ќе ви помогнат вашата коса да биде чиста подолго време.rn
1. Употребувајте зовриена вода
rn
rnrnОбичната вода од чешма може да биде премногу тврда, а со тоа да влијае на чистотата на вашата коса. Исплакнете ја косата со претходно зовриена вода. Температурата на водата би требало да биде околу 38 степени Целзиусови.rn
2. Намалете ја употребата на продукти
rn
rnrnПродуктите за тенка и кршлива коса може да ја направат косата повалкана доколку не ги користите правилно. Маслата за коса треба да се користат само неколку пати неделно, додека спреовите користете ги по потреба, и тоа во мала количина.rn
3. Чешлајте ја косата поретко и користете чешел
rn
rnrnКога често ја чешлате косата, вие ги активирате фоликулите. Поради ова, вашата коса побрзо се валка. Обидете се поретко да ја чешлате косата, и наместо четка користете чешел. Избегнувајте контакт со скалпот и чешелот.rn
4. Природни фризури
rn
rnrnСите продукти за фризури го забрзуваат валкањето на косата. Ако сакате да носите опавче или пунџа, направете го поприродно. Ако не ставите многу лак за коса со цел да ја прицврстите фризурата, следниот ден вашата коса ќе изгледа чисто.rn
5. Употребувајте шампон без СЛС
rn
rnrnШампоните со оваа состојка се безбедни, но ако ви ја сушат кожата и вашата коса брзо се валка, одберете шампон кој не содржи СЛС. Овие продукти прават помалку пена, но се исто ефективни во отстранување на нечистотиите.rn
6. Намалете ја температурата
rn
rnrnФенот за коса, пеглата за коса и сличните апарати може да бидат причина за валкана коса. Високите температури ги тераат лојните жлезди да лачат повеќе масло за да ја заштитат кожата. Температура од 150 до 180 степени Целзиусови е совршената температура за правење фризури.rn
7. Пилинг на кожата на главата
rn
rnrnПилингот ќе ви помогне да ги отстраните мртвите клетки и длабински да ја исчистите косата. Исто така, тој ги зајакнува фоликулите и го забрзува растот на косата. Можете да користите и домашни маски за пилинг.rn
8. Почесто менувајте ја навлаката на перницата
rn
rnrnНавлаката од перницата ги впива маслата кои ги користите за вашето лице и коса. Ова создава совршена средина за развивање бактерии, а тоа пак ја прави вашата коса нечиста. Навлаките од перниците треба да ги менувате барем еднаш неделно.rn
9. Заштитете ја косата од временските услови
rn
rnrnНосете шапки и во лето и во зима. Премногу студено и премногу топло време ја тераат кожата да произведува себум како заштита. Поради ова, корените на вашата коса стануваат мрсни, додека врвовите стануваат суви и кршливи. Потребно е да се грижите за вашата кожа во секоја сезона.rnrnПогледнете и како брзо да се справите со мрсната коса.