КАФЕ ПАУЗА

6 видови храна што ќе ви дадат енергија наутро

6 видови храна што ќе ви дадат енергија наутро

Доколку не сте утринска личност, будењето рано и подготвувањето за работа може да ви биде вистински предизвик. Но, можете да си ги олесните утрата доколку го наполните вашиот фрижидер со намирници што ви даваат енергија. На овој начин, секое утро ќе можете да си направите појадок што ќе ви ја даде потребната енергија за претстојниот ден. Погледнете кои видови храна можат да го зголемат вашето ниво на енергија.rn

1. Мед

rn6 видови храна што ќе ви дадат енергија наутроrnrnКога се обидувате да најдете извор на енергија, веројатно помислувате на ужина со преработен шеќер. Шеќерот можеби е вкусен, но неговото дејство е краткотрајно. Подобро е да ги замените вештачките засладувачи со природна алтернатива, како на пример, мед. Можете да додадете лажица мед во овесната каша, во чајот или во овошната салата. Важно е да одберете 100% природен мед, без никакви адитиви.rn

2. Лосос

rn6 видови храна што ќе ви дадат енергија наутроrnrnМожеби мислите дека риба за појадок е чудно, но пробајте го и ова. Лососот подготвен на кој било начин може да ви даде многу енергија. Оваа храна е полна со хранливи материи, а благодарение на витамините од групата Б, ќе ви го зголеми нивото на енергија и ќе ви помогне да се справите со заморот. Наместо наутро да појадувате сланина, заменете ја со лосос.rn

3. Јајца

rn6 видови храна што ќе ви дадат енергија наутроrnrnЈајцата се секогаш одличен избор за појадок. Тие се богати со Б витамини и протеини, кои се одлични во борбата против заморот. Б витамините се клучни за ензимите во вашето тело да функционираат правилно. Во овој случај, телото поефикасно ја претвора храната во енергија.rn

4. Овес

rn6 видови храна што ќе ви дадат енергија наутроrnrnОвесот е полн со посебен вид хранливи влакна кои го намалуваат нивото на холестерол и предизвикуваат чувство на ситост. Покрај тоа, овесот содржи и антиоксиданси кои можат да го зачуваат здравјето на кардиоваскуларниот систем. Подготвувањето на овесот со млеко ќе го зголеми нивото на протеини во оброкот, па ова е одличен избор за појадок што ќе ве наполни со енергија.rn

5. Киноа

rn6 видови храна што ќе ви дадат енергија наутроrnrnДоколку не ви се допаѓа вкусот на овес, можете да го замените со киноа. Киноата е одличен извор на хранливи материи како магнезиум, манган и фолати. Истовремено, киноата има низок гликемичен индекс, така што го регулира нивото на шеќер во крвта и ќе го одржи вашето ниво на енергија во текот на целиот ден.rn

6. Грчки јогурт

rn6 видови храна што ќе ви дадат енергија наутроrnrnДоколку немате многу време наутро, грчкиот јогурт може да биде одличен појадок. Оваа намирница е одличен извор на здрави јаглехидрати, масти и протеини, па му годи на вашето тело. Покрај тоа, грчкиот јогурт можете да го комбинирате и со други видови храна, како на пример семиња, јаткасти плодови и овошје, па со него лесно можете да направите вкусен појадок што ќе ве држи сити и полни со енергија.rnrnПогледнете и кои се витамините и минералите што ќе ја зголемат вашата енергија.