КАФЕ ПАУЗА

7 витамини и минерали кои ќе ја зголемат вашата енергија

7 витамини и минерали кои ќе ја зголемат вашата енергија

Дали понекогаш ви се случувало со денови да се чувствувате без енергија и да сакате само да лежите во кревет или да кампувате на каучот? И покрај тоа што е нормално одвреме-навреме секој да се почувствува вака, доколку ова ви се случува редовно, тогаш дефинитивно ви е потребна инфузија со енергија.rnrn7 витамини и минерали кои ќе ја зголемат вашата енергијаrnrnМногу луѓе се потпираат на кофеинот и на енергетските пијалаци за да можат да ја завршат својата работа, но овие навики не доаѓаат без несакани дејства. Доколку претерувате може да почнете да се чувствувате нервозно, раздразливо и да се соочите со проблеми со шеќерот во вашата крв кои можат да предизвикаат да се почувствувате многу послабо од кога било порано. Па, доколку сакате да ја зголемите вашата енергија без никакви несакани последици тоа можете да го постигнете со помош на наредниве неколку витамини…rn

Витамин Б-12

rnИстражувањата покажале дека голем дел од луѓето имаат недостаток од овој витамин и токму поради тоа се со ниско ниво на енергија, имаат потешкотии во фокусирањето и чувствуваат трнење во прстите на рацете и нозете.rnrn7 витамини и минерали кои ќе ја зголемат вашата енергијаrnrnНајголемо количество на Б-12 можете да добиете преку јадење говедско место, скуша, школки, благо тофу, кашкавал и јајца. Препорачана дневна доза од овој витамин е 2,4 микрограми.rn

Витамин Б Комплекс

rnИ покрај тоа што витаминот Б-12 заслужува своја сопствена категорија, тоа не значи дека и останатите Б витамини не можат да ви помогнат со зголемување на нивото на вашата енергија. Покрај Б-12, останатите Б витамини вклучуваат тијамин (Б-1), рибофлавин (Б-2), нијацин (Б-3), пантотенска киселина (Б-5), пиридоксин (Б-6), биотин (Б-7) и фолна киселина (Б-9). Овие витамини не само што ќе ви помогнат со енергијата, туку исто така тие се познати и како превентива од напади, кардиоваскуларни болести и депресија. Доколку редовно ги конзумирате, не само што ќе се чувствувате одлично, туку и ќе ја подобрите вашата општа здравствена состојба.rnrn7 витамини и минерали кои ќе ја зголемат вашата енергијаrnrnНајголеми количества на Б комплекс можете да најдете во спанаќот, лососот, компирите и леќата. Препорачана дневна доза: тијамин – 1,1 микрограми, рибофлавин – 1,1 микрограми, ниjацин – 14 милиграми, пантотенска киселина – 5 милиграми, пиридоксин – 1,3 милиграми, биотин 30 – микрограми и фолна киселина – 400 микрограми.rn

Витамин Д

rnВитаминот Д не само што ќе ви ја зголеми енергијата, туку и ќе ви помогне при зацврстување на вашите коски и со тоа ќе ви овозможи долг активен животен стил.rnrn7 витамини и минерали кои ќе ја зголемат вашата енергијаrnrnПостојат два начини на кои можете да се снабдите со потребното количество од овој витамин во вашето тело. Првиот начин е преку млекото и/или рибата, а другиот начин е преку сончање на топлите и смирувачки сончеви зраци. Доколку решите да се сончате, правете го тоа по 15 минути секој ден. Препорачана дневна доза од овој витамин се 600 меѓународни единици (IUs).rn

Коензим Q10

rnКоензимот Q10 е клучен за општото добро здравје бидејќи на базично ниво го одржува функционирањето на вашите клетки. Исто така тој помага при одржување на оптималната работа на вашиот кардиоваскуларен систем, што е многу важно доколку сте редовно физички активни. Производството на коензимот Q10 се намалува како што стареете, додека пак кај пушачите намалувањето е многу поголемо.rnrn7 витамини и минерали кои ќе ја зголемат вашата енергијаrnrnКоензимот Q10 во поголемо количество може да се најде кај рибите, кај одредени органи (црн дроб и бубрези) како и кај житната храна. Советувајте се со доктор која е најдобрата дневната количина за вас.rn

Железо

rnДоколку страдате од хроничен недостаток на енергија, вашиот доктор ќе сака да го тестира нивото на железо во вашата крв. Необјаснивата уморност може да биде предизвикана од недостиг на железо или од анемија.rnrn7 витамини и минерали кои ќе ја зголемат вашата енергијаrnrnЗа да се осигурате дека внесувате доволно железо, јадете црвено месо, жолчки од јајце, суво овошје и житарки засилени со железо. Комбинирајте ги со храна која содржи многу витамин Ц (портокал, диња, зелени пиперки и домати) за да може вашето тело полесно да го впие железото. За таблети со железо консултирајте се прво со вашиот доктор бидејќи тие знаат да бидат многу тешки за вашиот желудник и цревата. Препорачана дневна доза за железо е 500 милиграми.rn

Магнезиум

rnКога станува збор за создавањето на енергија, магнезиумот е токму во центарот. Всушност, тој помага во многу функции на телото – го одржува вашиот крвен притисок стабилен, им помага на нервите и мускулите да функционираат правилно и го израмнува нивото на шеќерот во крвта. Сите овие нешта помагаат да се чувствувате добро и со тоа ви дозволуваат да имате доволно енергија за да го издржите денот.rnrn7 витамини и минерали кои ќе ја зголемат вашата енергијаrnrnВисоко количество на магнезиум можете да пронајдете во бадемите, спанаќот, житото, млекото од соја, лебот, авокадото, црниот грав и путерот од кикиритки. Препорачаната дневна доза магнезиум се движи од 310 до 320 милиграми.rn

Цинк

rnЗа крај, доколку сакате да го одржувате високото ниво на енергија мора да се погрижите дека внесувате доволно цинк во вашето тело. Тој го зацврстува вашиот имунитет, помага при растењето и помалку познат факт е дека ви овозможува соодветно да мирисате и вкусувате.rnrn7 витамини и минерали кои ќе ја зголемат вашата енергијаrnrnЦинкот можете да го внесувате преку остриги, ракови, говедско, свинско и пилешко месо, житарки, јастог, печен грав и јогурт. Препорачана дневна доза е 8 милиграми.rnrnДоколку ги вметнете овие витамини и минерали во вашата исхрана вие многу лесно ќе можете да го одржувате нивото на енергија. Замислете само колку многу би можеле да постигнете доколку постојано работите со полн резервоар енергија.rnrn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.