КАФЕ ПАУЗА

5 прашања што ќе ви помогнат да запознаете секого до срж

Запознавањето нови луѓе може да биде предизвик, но и возбудливо искуство. Со цел да го забрзаат процесот на запознавање и спријателување, психолозите составиле листа од 5 прашања што можат да ви ги откријат најважните карактеристики за личноста пред вас. На тој начин уште веднаш ќе дознаете дали сте компатибилни и дали има можност да започне цврсто пријателство.rnrnrn

1. „Како би се опишал/а себеси?“

rnОва прашање може да изгледа многу едноставно, но начинот на кој ќе го одговорите открива многу за личноста. Таа ќе треба да се опише самата себеси, да зборува за себе, за својата работа, за семејството, пријателите и за сите останати нешто што ги смета за важни во животот. Вие ќе ги дознаете нејзините приоритети.rn

2. „Кој е твојот најголем успех?“

rnОва прашање ќе го открие минатото на личноста. Тоа што таа го смета за успех и начинот на кој ги поставува своите цели во животот е клучна информација за вас. Ова достигнување може да биде што било, професионално, академско, личност, спортско…rn

3. „Дали некогаш си прочитал/а добра книга?“

rnОва прашање ќе ги раздвои луѓето што читаат од оние што не читаат, а тоа многу кажува за одредена личност. Исто така ќе дознаете каков вид книги сакаат или не сакаат, а тоа ќе ви даде идеја и за оние нешта што им се допаѓаат или не им се допаѓаат во вистинскиот живот.rn

4. „Која е твојата работа од соништата?“

rnОва прашање има многу потенцијал за откривање на креативноста на личноста. Со одговорот ќе дознаете дали тој или таа има креативна и забавна страна. Обрнете внимание и на тоа колку брзо треба да одговори, така ќе знаете дали досега размислувал/а на оваа тема или не. Исто така ќе дознаете и што работи сега, и дали е среќен/среќна или несреќен/несреќна во својата област.rn

5. „Кој е твојот личен херој?“

rnОбожувањето на хероите воопшто не е невообичаено. Ова прашање ќе ви ги открие нивните вредности и начинот на кој самите сакаат да станат подобра личност. Без разлика дали станува збор за член на семејството, спортска ѕвезда, славна личност или автор. Ова е одлична прилика да дознаете сè за вредностите на личноста со која сега сте се запознале.