Машките кои сакаат да носат брада, треба да ја обликуваат не само според моменталните трендови, туку и во склад со својот облик на лицето.rnrn
rnrnБрадата, како и фризурата, би требало да ја прилагодите на себе, но и да биде во тренд. Прво, проценете каков облик на лице имате, па потоа прочитајте каква брада ви одговара според советите на професионалните стилисти.rn
Четвртесто лице
rnВи одговара брада од недела дена, која можете да ја скратите со ножички. За мазна кожа околу устата и брадата, посоветувајте се со бербер, барем на почетокот, а потоа контурата можете да ја одржувате сами.rn
Издолжено лице
rnНа оваа форма на лице најдобро стои брада која визуелно го скратува лицето. Оставете ја да расте недела дена и одржувајте ја таа форма и должина.rn
Кружно лице
rnИдеална е стилизирана и разретчена брада, која се спојува со мустаќите, но избегнувајте ги бакенбардите. Најдобро е бербер да ви ја обликува брадата според ваша желба, а потоа можете и сами да ја одржувате.rn
Триаголно лице
rnВам ви одговара разбушавена брада. Оставете ја да расте во линија со образите, оставете бакенбарди, a „накострешените“ влакна отстранете ги со жилет или ножички.