10 прашања што нè мачеле во детството за кои науката сега има одговор
Многу луѓе се заинтересирани за најстарите прашања што постојат, како на пример што се појавило прво, јајцето или кокошката? Но малкумина знаат дека науката конечно ги откри одговорите на дел од нив. Во продолжение погледнете некои од прашањата кои сигурно ве мачеле во вашето детство и прочитајте ги нивните одговори.
1. Што се појавило прво, јајцето или кокошката?
На научниците им беше потребно долго за да откријат што било прво. Според Дарвин и модерните биолози, прво се појавило јајцето. Видот којшто илјадници години се развивал во кокошка не би можел да се појави од никаде – животот започнува во јајцето. Со текот на времето, древната птица се „трансформирала“ во кокошката што ни е позната денес. Овие промени се случиле во јајцето, додека птицата сè уште била ембрион. Ова јајце ни ја дало кокошката која после тоа несела други вакви јајца.
2. Што се дамките кои се појавуваат кога гледаме во силна светлина?
Ова се таканаречени „слепи точки“. Кога силна светлина свети во нашите очи, фоторецепторите во окото за момент стануваат пренапнати. Краток период не можат да рефлектираат ништо и откако ќе се вратат во нормала, дамките ни ја покажуваат светлината што требало да ја видиме. Научниците препорачуваат да затворате едно око кога влегувате од темна во светла просторија. На овој начин ќе ги подготвите очите за силната светлина и дамките ќе исчезнат побрзо.
3. Дали зебрите се црни или бели?
Всушност, зебрите се црни коњи со бели риги. Ригите се појавуваат поради генетскиот процес наречен селективна пигментација. Црната боја е основниот пигмент, а белите риги се појавуваат кога има недостаток од црна боја. Британските научници успеале да откријат и зошто на зебрите им е потребна ова боја. Според нивните истражувања, белите и црни риги привлекуваат помалку коњски муви. Во минатото биолозите мислеле дека ригите ги плашеле предаторите, но не нашле доказ за ова.
4. Зошто мачките често гледаат во празен простор?
Некои луѓе веруваат дека мачките го прават ова бидејќи гледаат духови. Но всушност, мачките се подготвуваат за спиење. Овие животни минуваат најмногу време во спиење. Доколку мачката гледа настрана, најверојатно слушнала или помирисала нешто што ние не го перципираме.
5. Како камелеонот ја менува својата боја?
Кожата на камелеонот има клетки кои содржат разни пигменти. Овие клетки се доволно големи за сите пигменти да се распоредат еднакво. Па кога камелеонот треба да ја промени бојата, деловите од овие клетки се стискаат и боите се туркаат кон центарот на клетката. Интересно е што црната, кафеавата, црвената и жолтата нијанса се креирани од клетки лоцирани на горниот слој од кожата, а сината боја е сокриена во подлабоките слоеви.
Продолжува на следната страница…