КАФЕ ПАУЗА

10 прашања што нè мачеле во детството за кои науката сега има одговор

10 прашања што нè мачеле во детството за кои науката сега има одговор

rn

6. Зошто понекогаш изгледаме многу слично како некој од нашите предци?

rn10 прашања што нè мачеле во детството за кои науката сега има одговорrnrnЧовечките гени можат да бидат доминантни и рецесивни. Ако, на пример, двајца родители со кафеави очи родат дете со сини очи, ова не e необично. Тоа значи дека родителите имаат рецесивен ген за сини очи. Ако навистина изгледате како некој од дамнешните предци, тоа значи дека во минатите генерации, овие гени ја изгубиле битката против доминантните и дури сега станале доминантни.rn

7. Зошто понекогаш се чувствуваме подобро кога спиеме помалку и обратно?

rn10 прашања што нè мачеле во детството за кои науката сега има одговорrnrnНачинот на којшто се чувствувате откако ќе се разбудите зависи од многу фактори и понекогаш воопшто не е поврзано со траењето на сонот. Доколку сте јаделе лоша храна, сте пиеле многу кафе, не сте пиеле доволно вода или не сте биле доволно активни, можно е да се чувствувате уморно и после долго спиење. Исто така, долгото спиење нема да ви помогне да се одморите ако сте си легнале доцна. Телото нема да почне да го синтетизира мелатонинот навреме, што може да предизвика разни проблеми. Најдобро е да си легнувате пред полноќ или во исто време секоја вечер.rnrnМожете да се чувствувате уморно и доколку сте дремнале долго. Ако сакате да се одморите во текот на денот, би требало да легнете помеѓу 13 и 15 часот, и тоа не подолго од 30 минути. Доколку спиете подолго, ќе ви биде потешко да се разбудите и ќе се чувствувате уморно.rn

8. Зошто времето изгледа како да минува побрзо кога старееме?

rn10 прашања што нè мачеле во детството за кои науката сега има одговорrnrnСпоред американските научници, перцепцијата за времето е многу субјективна и целосно зависи од брзината на функционирањето на мозокот. Кога сме помлади, мозокот брзо ги добива и ги преработува информациите, па мислиме дека времето е бавно. Како што старееме, на мозокот му е потребно подолго време за ова, па ни изгледа како времето да лета.rnrnФранцускиот филозоф Пол Жанет бил сигурен дека нашата субјективна перцепција за времето е заснована на споредба – го споредуваме траењето на месецот или годината со траењето на животот. Со цел да се ослободите од чувството дека времето минува брзо, психолозите предлагаат медитација, пробување нови нешта, патување, водење дневник и среќавање нови луѓе.rn

9. Зошто понекогаш имаме дежа ву?

rn10 прашања што нè мачеле во детството за кои науката сега има одговорrnrnДежа ву е чувството дека нешто веќе ни се случило. Фројд мислел дека ова е трага од заборавено трауматично искуство или од многу длабока желба. Модерните невронаучници мислат дека ова е краткотрајна дисфункција во неколку делови од мозокот предизвикана од стрес, замор или труење. Мозокот се буни и ги третира новите импресии како стари. Покрај тоа, ситуацијата може да ви изгледа позната кога ве потсетува на одредени сеќавања. Доколку често доживувате дежа ву, би требало да одите на лекар бидејќи може да биде симптом за нешто посериозно.rn

10. Како се смееме?

rn10 прашања што нè мачеле во детството за кои науката сега има одговорrnrnНаучниците веруваат дека смеата се појавила пред околу 2-3 милиони години и тогаш изгледала како брзи и кратки издишувања. Кога се смееме, на лицето се активираат 80 мускули. Смеата е моторна функција која е предизвикана од неколку региони во мозокот. Се состои од неколку делови – контракција на дијафрагмата и вокализација, како и чувството на среќа и чувството дека сте ја сфатиле шегата.rnrnСмеата може да биде предизвикана и од емоции како страв. Постои и причина зошто се вели дека смеата го продолжува животот – 15 минути смеење можат да согорат исто калории колку едно чоколадо. Смеата ја подобрува и креативноста и помага во борбата против болести како астма и бронхитис.rnrnПрочитајте и за мистериите што науката сè уште не може да ги објасни.