На нашата коса никогаш не ѝ е доволно нега. Шампон кој ѝ одговара, регенератор, хранлива маска, силиконски капки и многу други продукти сигурно се дел од вашата рутина. Сепак, често несвесно сите правиме грешки кои имаат штетно дејство врз нејзе и го намалуваат ефектот на домашните и професионалните третмани за кои издвојуваме пари. Ова се 6 најчести примери за несвесни грешки со кои го нарушуваме здравјето на влакното.
rn
Ја миете косата секој ден
rnСекој посакува косата постојано да му изгледа свежо и да му мириса убаво. Но секојдневното миење не е препорачливо, затоа што на тој начин го миеме природното масло кое ги штити темето и влакното. Сосема доволно е на секои два-три дена да ја миете косата и да извршите некој домашен третман.rn
Ја сушите косата на најјака топлина со фен
rnДоколку сакате вашата коса да биде сјајна и педантна, не изложувајте ја на висока температура, бидејќи така лесно се суши влакното. Користете ги пониските нивоа за регулација на топлината на фенот, при што можеби сушењето ќе трае подолго, но затоа ќе се намали бројот на расцветани врвови.
rn
Обликување на фризурата додека косата е сè уште мокра
rnНе само што е многу потешко и непотребно губите енергија и нерви, туку при ваквиот процес вие придонесувате влакната побрзо да напукнат. Обликувајте ја косата само во моменти кога таа е малку влажна на допир.rn
Комбинација од лак за коса и загреана преса
rnДоколку редовно користите пегла за коса, треба да внимавате какви средства нанесувате на косата пред самото пеглање. Избегнувајте го лакот и другите средства кои содржат алкохол во својот состав, бидејќи тие го сушат влакното.
rn
Претерување со производи за хидратација на косата
rnСредствата за хидратација на косата, без сомнение имаат позитивен ефект врз структурата на влакното. Но доколку претерате со нивното користење, косата ќе почне да ви изгледа безживотно. Затоа нанесувајте ги таквите средства само на врвовите, односно на долната половина по должината на косата.rn
Непотребно бојадисување на целата коса
rnДоколку сакате да го освежите изгледот на вашата бојадисана коса, нема потреба да ја повторувате целата постапка одново. Бојадисајте го само пораснатиот дел, односно коренот и спречете го непотребното сушење на влакното.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

