Небото отсекогаш било константен извор на фасцинација за луѓето. Облаците се само еден дел од зачудувачките случувања кои можат да бидат забележани во текот на денот. Тие се појавуваат во различни големини, облици и бои и нивното создавање било проучувано од страна на метеоролозите со векови. rnrnЛентикуларните облаци се едни од овие необични формации. Тие настануваат на многу големи височини најчесто околу планини, во области каде што има стабилна влажност на воздухот.rnrn
rnrnОблаците „undulatus asperatus“ или накратко, асператус се формации кои биле предложени како посебна категорија во 2009 година. Во буквален превод името на овие облаци значи вознемирени или нервозни. И покрај тоа што на прв поглед изгледаат темно и како да се дел од бура во формирање, всушност тие многу брзо исчезнуваат.rnrn
rnrnМногу интересен феномен на вечерното небо се и ноктилусентните (ноќни) облаци. Тие се одликуваат со многу светли и силни поларни слоеви наречени мезосферични облаци во горната атмосфера, кои се видливи само за време на најтемните летни ноќи. Тие се издвојуваат од останатите бидејќи се составени од кристали од воден лед. Името на овие облаци во буквален превод значи вечерно сјаење на латински.rnrn
rnrnОблаците со голема дупка во средината, исто така познати и како облаци со дупка од удар или облаци со канали се формираат во ситуации кога температурата на водата е под степенот на мрзнење, но таа сè уште не замрзнала затоа што има недостаток од ледени нуклеациски честички. Кога еден дел од водата ќе почне да замрзнува, започнува еден вид домино ефект предизвикувајќи испарување на водата во одредени делови и оставајќи дупка позади себе во облаците.rnrn
rnrnОблаците Маматус се уникатна формација, при што се појавуваат мали облачиња под големиот облак. Во превод „mammatus“ на латински значи „града“ и тие го добиле своето име по несекојдневната сличност со женските гради.rnrn
rnrnБрановидните облаци се создаваат од внатрешните бранови на атмосферата. Овие формации на облаци можат да настанат во области каде што има стабилен проток на воздухот околу повисоки површини како планинските предели.rnrn
rnrnЕдни од најинтересните формации на облаци, воедно и најуникатните се иридисцентните облаци. Станува збор за многу редок феномен, кој на некој начин наликува на виножито каде што се забележуваат силни пастелни бои околу облаците. Тие настануваат со дифракција на мали водени капки ледени кристали кои индивидуално ја распрскуваат светлината. Иридисцентноста најчесто се појавува во близина на сонцето, но најдобро се забележуваат само доколку сонцето е скриено позади дрвја или згради.rnrn
rnrnКружните облаци се ниски, хоризонтални и цилиндрични формации. Дури и кога има други „обични“ облаци на небото, тие се целосно одделени од нив. Интересно е што кружните облаци изгледаат како да се тркалаат по небото додека се движат.rnrn
rnrnОблаците во форма на полици се ниски хоризонтални облаци кои малку наликуваат на кружните, но за разлика од нив тие се споени до базичниот облак, кој најчесто е бура со грмотевици. Оние кои ги забележале овие облаци велат дека многу им наликувале на огромен ѕид на небото.rnrn
rnrnОгнените облаци се густи формации кои се поврзуваат со оган или вулканска активност. Тие по состав се многу слични на облаците од бурите со грмотевици, а настануваат со интензивно загревање на воздухот од површината.rnrn
rnrnОдредена група облаци наречени актиноформ можат да заземат многу исклучителна форма. Тие се простираат и до 300 километри на небото, а од вселената наликуваат на лист од дрво. Понекогаш формираат и „возови“ кои се и до 6 пати поголеми од „обичен“ облак, но сепак успеваат да го задржат својот карактеристичен идентитет.rnrn
rnrnПоларните стратосферични облаци се наоѓаат во зимската поларна стратосфера на височини помеѓу 15.000 и 20.000 метри. Тие обично се формираат во озонските дупки, и со помош на хемиските реакции при кои се продуцира активен хлор го намалуваат озонското уништување.rnrn
rnrnОблаците во форма на капа/шал се мали и хоризонтални и се наоѓаат над одредени облаци така што изгледаат како нивна обвивка. Тие најчесто се и индикатори на невреме и можат да бидат забележани само од високите слоеви на атмосферата.rnrn
rnrnОблаците наречени утринска гордост се редок метеоролошки феномен кој може да биде забележан на различни локации околу светот. Овие формации на облаците можат да бидат и до 1.000 километри долги, со висини до 2 километри и најчесто се наоѓаат на околу 100-200 метри над земјата. Обично се формира само еден ваков облак, но понекогаш може да се забележат и до 8 паралелни формации.rnrn
rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
