Третман за слабеење со криотерапија

Третман за слабеење со криотерапија

Во едно германско фитнес студио, инсталирале комора за криотерапија за целото тело. Температурата во комората постепено се спушта до минус 145 степени Целзиусови, речиси исто колку ноќта на месечината.

Третман за слабеење со криотерапија

Третманот трае 3 минути и наводно е одличен метод за забрзување на метаболизмот и согорување повеќе калории. Со други зборови, ова е третман за слабеење.

Екстремниот студ, постигнат со помош на течен азот, воопшто не е штетен бидејќи е „сув“.

„Тоа е целосно поразлично чувство за разлика од излегувањето надвор во зима“, изјавила Ренат Сусенгут, директорката на фитнес клубот.

За третманот, луѓето се само во долна облека, а му даваат и волнени чорапи за нозете да им останат топли. Единствено главата им е извадена од комората.

„Температурата ја намалуваме постепено за телото да може да се прилагоди“, додала Ренат.

За време на третманот, калориите се согоруваат бидејќи организмот се обидува да ја задржи телесната температура.

Доктор Себастијан Шмит смета дека идејата за слабеење со криотерапија е навистина интересна, но дека до денес нема никакви точни податоци за резултатите, бидејќи никој не направил вакво истражување. Според него, луѓето со кардиоваскуларни проблеми, отворени рани на кожата, или оние кои страдаат од клаустрофобија не би требало да ја користат комората.

Погледнете и кои се пороците кои наспроти сите мислења, помагаат при слабеењето.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар