Американската блогерка Бјутифул Егзистенс (Beautiful Existence), кон крајот на 2012 година си поставила пред себе еден необичен предизвик. Таа решила секој оброк во 2013 година да ѝ биде купен од познатиот синџир кафетерии „Starbucks“.rnrn
rnrnОвој предизвик подразбирал дека и за Божиќ, Денот на благодарноста, нејзиниот роденден и на многу други важни денови, таа морала да јаде од „Starbucks“.Уште една околност која ѝ го отежнувала предизвикот, бил лимитот од 20 долари дневно. Таа месечно трошела по 500-600 долари, а секој ден го започнувала со кафе со млеко, каша од боровинки, овошје и чаша сок. За ручек јадела топли сендвичи, а за вечера салати.rnrnТаа изјавила дека првите неколку месеци биле лесни, но откако менито почнало да се врти во круг и откако јадела еднолично, станувало сè потешко и потешко.rnrnЗа оваа година таа си поставила нов предизвик, ветувајќи си дека во наредниве 365 дена ќе проба 80 различни спортови.rnrnrnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.