КАФЕ ПАУЗА

10 интересни теории на заговор за Антарктикот

10 интересни теории на заговор за Антарктикот

Антарктикот е опкружен со мраз и теории на заговор, нешто што не е необично за најоддалеченото и најмалку разбраното место на Земјата. Овде е невозможно да живеете без соодветна опрема и местото станало совршен кандидат за теории на заговор. Од вонземјани и чудни пирамиди, па сè до тајни воени бази, погледнете некои од најинтересните теории на заговор што кружат за Антарктикот.rn

1. Некои древни цивилизации изградиле пирамиди на Антарктикот

rn10 интересни теории на заговор за АнтарктикотrnrnВо 2016-та година, целиот Интернет полуде кога на Антарктикот беа откриен пирамиди. Пирамидите се со височина од над 1.220 метри, односно 10 пати повисоки од Големата пирамида во Гиза. Ова беше навистина чудно, бидејќи досега не е пронајден никаков дока дека овде постоела некаква цивилизација. Покрај тоа, овие масивни зданија би барале многу ресурси и работна рака.rnrnСепак, ова не ги спречи љубителите на заговори да веруваат дека пирамидите се изградени од цивилизација која живеела на Антарктикот, пред 100.000 милиони години. Наводно, овој период Антарктикот бил екваторот, па условите за живеење биле подобри.rnrnНаучниците сметаат дека пирамидите се дело на природата. Градбите сигурно не се дело на древна цивилизацијата бидејќи пред 100 милиони години, Антарктикот бил Јужниот Пол. Исто така, првите човечки видови се појавиле пред околу 2 милиони години.rn

2. Нацистите имаат тајна база на Антарктикот

rn10 интересни теории на заговор за АнтарктикотrnrnОваа теорија се прославила откако некои луѓе откриле дека нацистите организирале експедиција до Антарктикот во 1938-ма година. Наводно, додека биле таму, тие откриле неколку подземни пештери и реки, а најголемата пештера ја претвориле во таен град каде што живееле со Илуминатите. Некои луѓе тврдат дека Хитлер избегал во оваа тајна база, откако ја изгубил војната. Верниците исто така тврдат дека нацистите некако нашле вонзејманска технологија што ја искористиле за нивни оружја.rnrnВо реалноста, нацистите немаат тајна база на Антарктикот. Не постојат докази дека правеле оружје со вонзејманска технологија, ниту пак дека го тестирале. Тие испратиле само еден брод во регионот во 1938-ма година за да најдат нови ловишта за китови. Експедицијата била напуштена по крајот на Втората светска војна.rn

3. Атлантида се наоѓа под Антарктикот

rn10 интересни теории на заговор за АнтарктикотrnrnНекои луѓе тврдат дека познатата Атлантида се наоѓа токму овде. Оваа идеја се појавила во 1950-тите, откако историчарот професор Чарлс Хапгуд предложил дека Антарктикот е дом на некоја неоткриена древна цивилизација. Верувањето на Чарлс е засновано на теоријата дека Антарктикот не бил под мраз пред 11.600 години. Некои луѓе го прифатиле ова како вистина, и додале дека најверојатно станува збор за изгубената Атлантида.rn

4. Правоаголните ледени брегови биле изградени од вонземјани

rn10 интересни теории на заговор за АнтарктикотrnrnНаучниците го открија постоењето на чудни, речиси совршени правоаголни ледени брегови на Антарктикот. Најчесто тие се огромни и понекогаш видливи од вселената. Овие ледени брегови повеќе изгледаат како да се направени од човек наместо од природата, но сепак, тие се природни и настануваат кога дел од ледениот брег ќе се открши.rnrnСпоред некои луѓе, овие ледени брегови се направени или од луѓе, или од вонземјани. Некои веруваат дека станува збор и за владини установи. Наводно, овие форми се многу ретки во природата, но научниците истакнале дека не сите рабови на ледените брегови се совршени.rn

5. На Антарктикот се срушил НЛО

rn10 интересни теории на заговор за АнтарктикотrnrnПостојат луѓе кои се познати како „ловци на вонземјани“ и тие тврдат дека нашле докази за срушен НЛО на Антарктикот. Тие дошле до овој заклучок откако анализирале сомнителна трага што ја нашле на Google Earth. Трагата започнува од место кое наликува на срушен планински врв, па наводно, леталото удрило во врвот пред да се сруши. Геолозите не се согласуваат и тврдат дека трагата е од лавина.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn