Организираните луѓе се гордеат со тоа што секогаш знаат што и кога треба да направат нешто. Па, понекогаш се случува да им се потсмеваат на луѓето кои спонтано ги решаваат проблемите како што ќе се појават.rnrn
rnrnБез разлика што вие мислите за ова, изгледа дека е многу подобро да бидете спонтани отколку организирани. Всушност, научниците од Универзитетот во Сент Луис сметаат дека планирањето на дневните активности го расипува расположението и не ви овозможува да уживате.rnrnЗа време на истражувањето, научниците утврдиле дека планирањето на слободното време има влијание врз емоциите. Луѓето кои прават листа со дневни активности на почетокот сметаат дека ова им помага да завршат сè. Но всушност сите планови ги остваруваат без ентузијазам и губат интерес за нивно исполнување.rn
„Губите многу кога го планирате слободното време“, изјавила една од авторките на истражувањето, Селин Малкон.
rnТаа тврди дека луѓето кои строго се држат до планираното, го претвораат и слободното време во работно, па потешко им е да ги исполнат сите цели.rnrnИако е во ред да бидете спонтани, погледнете како едноставната организација може да ви заштеди пари.