Доволно сте амбициозни за да го правите она што го сакате и да заработувате од тоа. Доволно сте амбициозни за да најдете начин да го претворите вашето хоби во кариера. Замислете си колку би било убаво секој понеделник да станувате со нетрпение за да го започнете денот, а секоја петочна вечер да се чувствувате исполнети поради сите работи што сте ги завршиле во текот на неделата.rnrn
rnrnДоволно сте силни за да ги избришете солзите предизвикани од страна на момчињата кои ве одбиле, членовите на семејството кои се сомневале во вас и пријателите кои ве навредиле. Доволно сте силни за да се одмаздите на најизвонредниот можен начин: Со тоа што ќе живеете најдобро што можете и ќе им покажете на сите негативци дека не ви требаат за да преживеете. Имате сѐ што ви треба во вас самите.rnrnДоволно сте паметни за да дознаете каде припаѓате и кој пат треба да го следите без оглед на тоа колку време ќе ви треба за да стигнете до завршната линија. Доволно сте паметни за да ги игнорирате сите оние кои ви велат дека нема да ги остварите вашите соништа и дека нема да издржите. Докажете им на вашите најстроги критичари дека грешат.rnrnДоволно сте храбри за да излезете од вашата удобна зона, дури и тогаш кога тоа ви се чини како најтешкото нешто што треба да го направите. Доволно сте храбри за да се справите со сувото грло, да ги смирите растреперените раце и да го направите она што треба да го направите.rnrnДоволно сте талентирани за да се издвоите од толпата луѓе кое се исто толку искусни колку и вие. Доволно сте талентирани за да оставите впечаток и да продолжите да се обидувате додека не ја достигнете крајната дестинација.rnrnДоволно сте независни за да успеете сами, дури и тогаш кога немате никој за да ве држи за рака и да ви кажува дека одлично ви оди. Доволно сте независни за да ја преживеете секоја потешкотија сами и да испливате од емоционалните бранови во кои тонете.rnrnДоволно сте трпеливи за да ги почекате плодовите од вашиот труд. Доволно сте трпеливи за да знаете дека напорната работа не дава резултати преку ноќ, туку дека можеби ќе треба да почекате години и децении за да го живеете животот од вашите соништа.rnrnДоволно сте амбициозни за да продолжите да растете дури и тогаш кога мислите дека сте го достигнале врвот. Доволно сте амбициозни за да сфатите дека никогаш нема да завршите со учење и дека иако сте горди на вашата сегашност, секогаш можете да целите кон подобра иднина.rnrnПоседувате доволно ентузијазам за да им пренесете позитивна енергија на луѓето кои сакаат да успеете. Поседувате доволно ентузијазам за да ги инспирирате другите луѓе да ги следат нивните соништа наместо да го прифатат животот што не можат да го поднесат.rnrnВие сте посветени, мотивирани и вашата моќ не е за потценување. Вие сте доволно добри за да успеете. Никогаш не се сомневајте во себе и во вашите соништа!rnrnВо продолжение прочитајте кои 4 нешта не смеат да ве спречат во остварувањето на вашите соништа.
Никогаш не се сомневајте во себе: Вашите соништа не се губење време
