11 предупредувачки знаци дека не пиете доволно вода

11 предупредувачки знаци дека не пиете доволно вода

Кој и да ви е омилениот пијалак, сигурно не може да замени чаша студена вода. Но и покрај ова, мнозинството од нас не пијат доволно вода во текот на денот. Проблемот е што со оваа навика всушност му штетиме на нашето тело. Па доколку се препознаете во некој од следниве знаци, испијте чаша вода уште веднаш.

11 предупредувачки знаци дека не пиете доволно вода

1. Сува уста

Ова звучи очигледно. Веројатно секогаш кога чувствувате дека устата ви е сува посегате по некој пијалак. Но, засладените пијалаци се само привремено решение на многу поголем проблем. Пиењето вода ги навлажнува устата и грлото и ја одржува таа влажност во текот на целиот ден.

2. Сува кожа

Кожата е најголемиот орган во вашето тело, па важно е да остане хидрирана. Всушност, сувата кожа е еден од најраните знаци за дехидратација, која пак може да предизвика многу посериозни проблеми. Недостатокот од вода значи и недостаток од пот, па телото не може да се ослободи од вишокот нечистотии и масти во текот на денот. Ако сакате да решите поголем дел од проблемите со вашата кожа, пијте повеќе вода.

3. Претерано чувство на жед

Овде не станува збор за сува уста, туку за силно чувство на жед. Секој кој бил мамурен го има искусено ова и тоа е знак дека на вашето дело итно му е потребна вода. Алкохолот го дехидрира телото, па пиењето вода следното утро причинува вистинско задоволство. Секогаш слушајте го вашето тело.

4. Суви очи

Сигурно веќе знаете дека пиењето вода влијае на многу нешта покрај устата и грлото. Недостатокот од вода може да ги исуши и вашите очи. Кога во телото нема доволно течности се сушат и вашите солзни жлезди. Ова може навистина да им наштети на очите, особено ако носите контактни леќи.

5. Болки во зглобовите

‘Рскавиците и пршлените се направени од околу 80% вода. Ова е неопходно за коските да не се тријат едни од други со секое наше движење. Кога ќе пиете доволно вода, вашите зглобови ќе можат подобро да го апсорбираат шокот од ненадејните движења како што се трчањето, скокањето, па дури и паѓањето.

6. Намалување на мускулната маса

И кај мускулите главната состојка е водата. Поради ова, помалку вода во телото значи и помала мускулна маса. Пиењето вода пред, за време на и по вежбањето не само што ќе ве хидрира и ќе ви ја спречи неудобноста, туку и ќе ви го намали ризикот од воспаленија и болки во мускулите по физичката активност.

7. Болестите траат подолго

Пиењето вода му помага на телото да се ослободи од токсините. Вашите органи работат за да го филтрираат отпадот од телото, но ако не ги напојувате со вода, не можат да функционираат нормално. Органите во дехидрираното тело почнуваат да ја собираат водата од другите места, како од крвта, а со ова настануваат многу други проблеми.

8. Замор и летаргија

Како што споменавме, дехидрираното тело „позајмува“ вода од крвта. Ова го намалува и дотокот на кислород низ телото, а тоа предизвикува замор и поспаност. По некое време нема да ви помага ни кафето.

9. Чувство на глад

Кога телото е дехидрирано, може да чувствувате силна желба за храна. Ова се случува во текот на денот, но и навечер кога сакате некоја ужина. Но ако во овој момент јадете, ќе му создадете повеќе работа на телото, додека пиењето вода ќе ги прочисти органите и ќе му помогне на телото да ги заврши сите процеси. Па доколку чувствувате глад во невообичаено време, испијте прво чаша вода.

10. Дигестивни проблеми

Пиењето вода е важно за целиот дигестивен систем. Без правилната хидратација се намалува количеството на желудочните сокови, па желудочната киселина може да направи вистинска штета. Поради ова можно е да чувствувате киселини или проблеми со варењето.

11. Предвремено стареење

Количеството вода во телото природно се намалува со стареењето. Ова значи дека како што стареете, потребно е да пиете повеќе вода. Иако предвременото стареење најчесто се гледа однадвор, со текот на времето ќе ја почувствувате и внатрешната штета.

Дознајте и што ќе се случи со вашето тело кога 30 дена би пиеле доволно вода.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар