Оваа неверојатна приказна ќе ве натера да ја сфатите важноста на смиреноста и трпеливоста. Веќе никогаш нема да бидете нервозни поради туѓите зборови.rnrn
rnrn[message_box title=”” color=”yellow”]rnrnЕднаш имало некој тибетски свештеник кој целиот живот го сметале за свет човек. Луѓето доаѓале од најдалечните краеви за да го добијат неговиот совет. Тој бил личност која секогаш била смирена и која никој не можел да ја навреди.rnrnЗа ова слушнал некој лош човек и решил да отиде и да го тестира мудрецот. Само што стигнал и го здогледал, веднаш почнал да го навредува и да го понижува најмногу што можел.rnrnКога веќе немал што да каже, престанал и запрепастено сфатил дека свештеникот сè уште е смирен како и пред да дојде.rnrnЧовекот се изнервирал па почнал уште полошо да го навредува свештеникот, но и ова било залудно. Изгледало како неговите зборови воопшто да не допираат до мудрецот. Кога конечно ја изгубил целата енергија, решил да го праша и да ја дознае неговата тајна.rnrn- Ги разбирам твоите духовни техники и како не ти е грижа што мислат и зборуваат другите, но јас те понижував и навредував, мора да научиш да се бориш за себе – му рекол.rnrn- Драг човеку, може ли да ти поставам само две прашања? – конечно прозборел свештеникот.rnrn- Секако – му одговорил човекот.rnrn- Ако ти мене ми донесеш подарок и јас не го прифатам, на кого му припаѓа подарокот? – прашал мудрецот.rnrn- Па, ако не го прифатиш, тогаш сè уште ми припаѓа мене.rnrn- А сега, ако ти за мене имаш само навреди а јас не ги прифаќам, тогаш на кого му припаѓаат? – прашал мудрецот, се свртил и си заминал.rnrn[/message_box]rnrnДоколку постојано чувствувате нервоза, погледнете кои се можните причини за тоа.
Древната мудрост на еден тибетски свештеник: Приказна што ќе ви помогне да се справите со нервозата
