Уметниците постојано изнаоѓаат нови начини за да ја искажат својата креативност. Доколку ја погледнете првата слика, можеби ќе си помислите дека е направена со техниката масло на платно, но всушност се работи за вистински лист земен од природата и детално исецкан до перфекција.rnrn
rnrnЛоренцо Дуран ги собира најидеалните лисја, а потоа ги мие, суши, пресува и нежно ги сече додека не ги претвори во прекрасна уметност. Техниката се базира на правењето исечоци на хартија, која е карактеристична за Кина, Јапонија, Германија и Швајцарија.rnrn

rnrn rn
„Секогаш сечам со скалпел на суви лисја… Сета работа која се состои во сечење, сушење и врамување ја имам научено сам. Имам исечено многу лисја и повеќето од нив завршиле во ѓубре, но полека, полека, развивам метод благодарение на кој тие нема да се кршат.“
rn
rnrn rn
„Целиот процес се состои во: собирање на лисјата, миење, сушење, пресување и сечење. Додека се наоѓаат во пресата, правам цртеж кој го прикачувам за листот пред да почнам да го сечам. На крајот, го одлепувам и токму овој последен чекор е најделикатен бидејќи листот е толку кревок, па повеќедневната работа може да биде лесно уништена само за момент.“
rn

rnrn rn
„Овој процес секогаш резултира со оригинален цртеж и оригинален лист, кој ѝ дава на творбата свој уникатен карактер.“
rn
rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
