Сте чуле ли досега за венчавка во зоолошка градина? Најверојатно вашиот одговор е негативен, проследен со зачуден израз на вашето лице. Истото се случило и со оваа мечка, на којашто едноставно не ѝ се верувало што гледа пред неа.rnrn
rnrnФотографиите, направени од фотографите Крис и Кристи, оттогаш го прошетаа целиот свет и ги насмееја сите што ги видоа. Интернетот едноставно не може да се изнасмее на фацката на мечката, што изгледа навистина збунето од ситуацијата што се одвива пред неа.rnrn
rn
„Фотографиите беа идеја на самите фотографи“, објаснува младоженецот. „Тие рекоа дека сме многу среќни што некое од животните воопшто забележало што се случува, бидејќи за време на ручекот тие не се заинтересирани за ништо друго освен за храната. Оваа руска гризли мечка беше доволно фина да ни го даде својот ‘благослов’.“
rn
rnrnМожеби ова ќе започне нов тренд за организирање свадби во зоолошки градини? И додека сте тука, погледнете ги и следниве урнебесни фотографии каде што животните нашле начин како да уништат „совршени“ моменти.rnrn
rnrnПогледнете ги и овие 23 уникатни фотографии кои се прават само еднаш во животот.
