КАФЕ ПАУЗА

За оние што ќе слават и денес: Чизкејк со џин-тоник (без печење)

Поминете ја втората вечер со спој од омилената торта и највкусниот коктел

rnrn

Потребни состојки:

rn

    rn 011

  • 200 грама чајни колачиња
  • rn 011

  • 100 грама путер
  • rn 011

  • 500 грама кремасто сирење
  • rn 011

  • 25 грама шеќер во прав
  • rn 011

  • 50 милилитри џин
  • rn 011

  • 1 кафена лажица исцеден сок од лимета
  • rn 011

  • Изрендана кора од 1 лимета
  • rn 011

  • 100 грама бело чоколадо
  • rn 011

  • 300 милилитри шлаг пена
  • rn

rn

Начин на подготовка:

rnСмелете ги чајните колачиња за да добиете прав, а потоа помешајте ги со путерот. Смесата втиснете ја во калап за торта со големина од 20-тина сантиметри и оставете ја во фрижидер да се стврдне.rnrnВо голем сад измешајте ги сирењето, шеќерот, џинот, сокот од лиметата и изренданата кора и матете додека не добиете хомогена смеса. Потоа растопете го белото чоколадо на пареа и оставете го 2,3 минути да се олади пред да го помешате со смесата со сирењето.rnrnВо посебен сад подгответе ја шлаг пената и потоа нежно додајте ја и вмешајте во смесата со сирењето и белото чоколадо. Добиената смеса сипете ја врз основата со колачињата и оставете ја во фрижидер барем 6 часа пред послужување.rnrnИ секако, послужете со омилениот коктел. Имајте убава вечер!rnrnПробајте го и овој чоколаден чизкејк со лешници, чија подготовка е исто така без печење.