Направете сами: мермерни велигденски јајца

Сподели

Волшебниот мермерен ефект стана многу популарен кај женската популација, заради бескрајните можности за дизајнирање на ноктите на рацете. Сепак, техниката може да се примени и на многу други работи, на пример на јајцата за Велигден.

Реклама

rn

Потребни материјали:

rn

    rn011

  • Варени и изладени јајца
  • rn011

  • Лакови за нокти во секакви нијанси
  • rn011

  • Пластична чашка со вода на собна температура (Ова е многу важно! Ако водата е ладна, ефектот ќе биде неуспешен.)
  • rn011

  • Чепкалки за заби
  • rn011

  • Отстранувач на лак за подоцна да си го исчистите лакот од прстите.
  • rn

rnНајпрво потрудете се да обезбедите добра вентилација во просторијата, бидејќи ќе користите многу лак за нокти и процесот ќе трае, па треба да внимавате да не се задушите.

Капнете многу капки во различни бои од лаковите во водата. Ако бојата потоне, значи температурата не е како што треба. Капките треба да се распрснат по површината на водата. Потоа земете чепкалка и повлечете по површината на водата неколку пати за да добиете убав шарен, но неодреден дизајн.

Потоа фатете го јајцето со два прста на краевите, така за да фаќате најмал дел од неговата површина. Потонете го во водата, задржете го кратко и извадете го. Ќе биде покриена половина од површината на јајцето. Ставете го јајцето на картон легнато на другата страна да се исуши.

Звучи забавно? Пробајте и споделете го искуството со нас.

Ако не ви се лакираат јајца за Велигден, пробајте да ги украсите на некој од овие оригинални и креативни начини.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

Содржина /затвори

Најново

Може ќе ве интересира