8 здодевни детски навики што се всушност нормални

8 здодевни детски навики што се всушност нормални

Секој родител се сеќава на моментот кога неговиот ангел се претворил во 2-годишно дете со ужасно однесување кое правело здодевни работи. Во овие случаи родителите често помислуваат или добиваат совет да посетат психолог. Но дали овие навики се навистина толку лоши и дали е потребна помош од експерт? Некои од најздодевните навики на вашето дете се всушност сосема нормални, па можете слободно да се опуштите.

1. Постојано одговарање со „Не“

8 здодевни детски навики што се всушност нормални

Мирното и тивко дете одеднаш почнува да одбива сè што ќе му понудат родителите. Детето се расправа дури и за нешта што ги сака.

Што се случува?

По правило, овој период покажува дека детето сфатило дека може самото да донесува одлуки. Обично се случува помеѓу 2 и пол и 3 години. Детето конечно разбира дека е самостојна личност а не дел од неговите родители, па се обидува да си направи место во семејството.

Што да правите?

Бидете трпеливи и не обидувајте се да го потиснете бунтовничкиот дух на вашето дете. Оставете го самото да донесува одлуки и да биде понезависно. Во ред е вашето дете самото да одбере што ќе носи во градинка. На овој начин повеќе ќе ви верува и ќе стекне поголема самодоверба.

2. Постојано поставување на истото прашање

8 здодевни детски навики што се всушност нормални

Вашето дете не го повторува одново и одново истиот збор за ништо, тоа ја бара вашата реакција. Ви звучи познато? Понекогаш родителите не можат да разберат што сакаат нивните деца, а тие пак се разочаруваат ако не добијат одговор. Ова однесување може да ги полуди и најсмирените родители.

Што се случува?

Повторувањето е најдобриот начин да се запомни што е што, за што се користи и како се менува во однос на ситуацијата. Покрај тоа, на овој начин детето ги вежба неговите звуци и интонација.

Што да правите?

Имајте на ум дека повторувањето е чекор кон совладување на зборувањето. Охрабрете го вашето дете и зборувајте почесто со него. Периодот на повторување ќе заврши, но вашата негативна реакција може да предизвика проблеми во иднина.

3. Често будење навечер

8 здодевни детски навики што се всушност нормални

Вашето дете си легнувало и станувало во исто време, но одеднаш почнало да се буди сред ноќ, па дури и да плаче. Колку почесто се случува ова, толку е потешко да се справите со навиката.

Што се случува?

Нарушувањата со спиењето се случуваат поради емоциите и новите информации што се примаат во текот на денот. Ако детето не сака да спие, најверојатно се соочило со интензивни емоции во текот на ноќта. Понекогаш и учењето на некоја нова вештина може премногу да го возбуди – психолозите сметаат дека децата сакаат да ги пробуваат новите вештини и подготвени се да го жртвуваат спиењето за ова.

Што да правите?

Најпрво обидете се да ги испланирате сите активности за првиот дел од денот. Ако детето сепак не сака да спие навечер, немојте да полудувате. Поминете време со него и најверојатно ќе се смири за неколку минути и ќе се врати во кревет.

4. Не сака да ве слуша

8 здодевни детски навики што се всушност нормални

Наутро треба да го однесете детето во градинка и да одите на работа. Но, тоа има други планови – го фрла појадокот, трча, вика и не сака да ги измие забите. Ова не е најдобриот период за драма.

Што се случува?

Вознемиреноста на децата може да биде покана за играње. Кај бебињата играњето е единствениот начин да се открие светот. Вашето дете се буди полно со енергија и не треба да го обвинувате бидејќи има поразлични планови од вашите.

Што да правите?

Променете го вашиот распоред. Можеби ќе треба да се разбудите порано за да имате време да си поиграте со него. Ако не ви одговара ова, обидете се да го разберете и дозволете му да си поигра 15-тина минути.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар