КАФЕ ПАУЗА

4 едноставни начини да бидете посоцијални доколку сте интроверт

4 едноставни начини да бидете посоцијални доколку сте интроверт

Written by

in

,

Понекогаш може да биде навистина тешко да се справите со интровертноста кога сакате да се поврзете со семејството или со пријателите. Од една страна само сакате да се затворите во вашиот дом со добра книга, а од друга пак, сакате и да разговарате со некого бидејќи тоа прави да се чувствувате добро.rnrn4 едноставни начини да бидете посоцијални доколку сте интровертrnrnПостои недоразбирање дека интровертите воопшто не сакаат интеракција со другите луѓе. Едноставно, социјалните настани се постресни за овие луѓе, па потребно им е време да бидат сами. Па како да бидете посоцијална личност доколку сте интроверти? За среќа постојат неколку едноставни начини да го направите тоа.rn

1. Најдете и вежбајте теми за разговор

rnЕдно од најтешките нешта за социјализирањето кај интровертите е нервозата. Ова, во комбинација со фактот дека интровертноста ги прави помалку искусни во разговори, резултира со парализирање. Иронично е што повеќето луѓе, вклучувајќи ги интровертите, можат нормално да разговараат штом ќе се најде заедничка тема. Тешкиот дел е започнувањето на разговорот.rnrnПоради ова размислете за неколку теми за разговор пред да излезете од дома. Можете да поставите прашања за омилени книги, ТВ серии и слично.rn

2. Подгответе се пред да излезете

rnШтом сте смислиле неколку теми за разговор, потребно е психички да се подготвите. Прво најдете време и место да се смирите и опуштите. Најдете го вашиот центар така што кога ќе бидете подготвени да размислувате јасно. Ова ќе направи голема разлика во вашето социјализирање.rnrnШтом ќе го најдете вашиот центар, време е да излезете и да размислувате како екстроверт. Со други зборови исправете се, бидете возбудени за излегувањето, па дури и насмевнете се. Едно истражување покажало дека кога интровертите се однесуваат како екстроверти, дури и присилно, се чувствуваат посреќни, најмногу поради позитивниот одговор што го добиваат од социјалното опкружување.rn

3. Најдете партнер

rnБидејќи секако излегувате за да се социјализирате, зошто да не најдете некој што ќе ви биде партнер? Ако отидете на некоја забава со личност која ја познавате но не е иста како вас, односно не е интроверт, ќе имате повеќе храброст. Наместо самите да ја собирате, вашиот партнер ќе ви ја даде потребната храброст и ќе ве мотивира да разговарате со другите дури и кога ќе почнете да чувствувате несигурност.rn

4. Не плашете се да направите пауза

rnИнтровертите се уникатни поради тоа што се заморуваат кога се постојано во социјално опкружување. Тие впиваат премногу информации и енергии околу нив, па лесно чувствуваат замор во големи групи. Поради ова не треба да се оптоварувате и доколку ви е потребна пауза, направете ја.rnrnАко повеќето од вашите пријатели се екстроверти и се обидуваат да ве натераат да излезете кога вие не можете и не сте подготвени, тоа е сосема во ред. Слично на ова, ако сте биле со многу луѓе пет денови во неделата и веќе чувствувате замор, во ред е да одморите во текот на наредните денови.rnrnНе постојат личности кои се само интроверти или само екстроверти. Важно е да го запомните ова, но и да обрнете внимание на она што ви го кажуваат умот и телото со цел да ја најдете потребната рамнотежа.rnrnДоколку сте интроверт и ви претставува проблем да разговарате на телефон, погледнете како да се справите со стресот предизвикан од телефонските разговори.