Париз длабоко во ноќта
Париз, главниот град на Франција, градот на светлината, љубовта, страста, виното, печивата и уметноста… Богатата култура, историја, неговата архитектура и развиениот туризам, придонесуваат тој да е еден од најубавите градови во светот. Неговите знаменитости секогаш ќе го издвојуваат од сите останатите, правејќи го одлична дестинација по која сите мечтаат.
Фотографите кои сакаат да сликаат навечер имаат избор помеѓу вештачка светлина и долга експозиција, односно изложување на сцената неколку секунди, минути, па дури и часови се со цел на филмот или на дигиталниот сензор да му се овозможи доволно време да направи добра фотографија. Овие ноќни фотографии од градот на светлината се правени токму со оваа техника. Погледнете ги, одлични се.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.