Зошто емпатијата мора да започне од вас?
Емпатијата е емоционална интелигенција. Таа ви овозможува да се ставите во туѓа кожа, да го видите светот низ нечии очи и да го разберете. Преку емпатијата покажуваме љубов, добрина, сочувство и прифаќање. Па, зошто луѓето имаат проблем со неа?
Можете да се обидете да сочувствувате со другите, но додека не си покажете вистинска љубов и сочувство себеси, и не престанете да си судите, секогаш ќе им судите и на другите. Кога го правите ова некому, всушност си го правите себеси. Кога ви недостига сочувство кон некого, ви недостига сочувство кон вас. Осудувањето и емпатијата не можат да постојат заедно.
Па ако емпатијата е способност да се ставите на нечие место, како да ја примените на вас?
Личноста којашто сте денес, не е личноста што сте биле вчера, минатата недела или минатата деценија. Вие не сте жртва на вашето детство или младоста. Вие не сте болката што некогаш сте ја почувствувале, ниту болката што сте ја предизвикале. Кога ќе го разберете ова, ќе можете да се гледате себеси во минатото со добрина и сочувство.
Кога ја гледате личноста што сте биле со емпатија, се издигнувате над негативните емоции како болка, срам, тага, гнев… Со ова разбирање можете да се справите со чувствата од минатото и да продолжите понатаму. Ќе сфатите дека мора да ги промените мислите и верувањата во сегашноста за да не му дозволите на минатото да ви ја уништи иднината.
Сакајте се искрено, длабоко и без судење. Кога навистина ќе се прифатите себеси и вашите проблеми во животот со помош на емпатијата, ќе можете да им ја пружите и на другите.
Токму поради ова емпатијата мора да започне од вас. Не е важно дали сте повредиле или сте биле повредени. Вистинската емпатија започнува кога ќе си покажете сочувство и љубов кон себе. Ова е најдоброто нешто што можете да го направите за себе, а истовремено ќе ја зголемите вашата самодоверба.
Па, сакајте се безусловно. Ширете љубов, добрина и сочувство кон личноста којашто сте биле и личноста којашто сте денес. Кога ќе ја сакате личноста од минатото, ќе ја промените вашата иднина на подобро. Штом вистински ќе се сакате, никогаш нема да можете да повредите некој друг.
Прочитајте ги советите што ќе ви помогнат да ја развиете љубовта кон себе.