КАФЕ ПАУЗА

20 животни принципи според кои се води секој Лав

20 животни принципи според кои се води секој Лав

Лавовите се дарежливи луѓе кои сакаат да ги гледаат среќни луѓето кои ги сакаат. Тие се комплетни личности бидејќи поседуваат убавина, интелигенција, дружељубивост и самодоверба.rnrnШтом некој ќе ги повреди, комплетно се затвораат во себе и стануваат бесчувствителни. Тие имаат гордост и не прават ништо со што не се согласуваат или е во спротивност со нивните верувања и морал.rnrnВо односите со другите не се неучтиви, туку искрени. Кога ќе остават некоја личност зад себе, таа личност за нив е сосема во минатото и не сакаат да имаат ништо повеќе со неа.rnrnЛавовите имаат способност да бидат слатки и шармантни кога тие сакаат, но многу брзо можат да ја ослободат својата бестрашност и да станат немилосрдни. Погледнете ги 20-те принципи кои се многу важни во нивниот живот.rnrn20 животни принципи според кои се води секој Лавrnrn1. Ако сакате да ме запознаете, дајте си време. Внимателно ги селектирам луѓето со кои ќе го поминувам времето.rnrn2. Нешто што не сакам да чујам е: „Тргни се, јас ќе го средам ова.“ Според мене, ако некој треба да е главен, тоа ќе бидам јас.rnrn3. Дефинитивно сум социјален тип на човек, но само неколку луѓе ги сметам за вистински блиски.rnrn4. Не сакам форсирани муабети, форсирани врски и форсирани пријателства. Едноставно не сакам форсирани нешта. Ако не сме на иста бранова должина, не сме, тоа е, продолжуваме понатаму.rnrn5. Не се плашам од неуспех и планирам да успеам по секоја цена.rnrn6. Не сакам да ги разочарувам луѓето, па затоа често им велам „да“ дури и кога реално сакам да кажам „не, нема шанси!“rnrn7. Можам да се заљубам во личност во која никој не би очекувал тоа да се случи. Тоа е така бидејќи често можам да видам страна на луѓето што останатите не можат да ја видат.rnrn8. Моите правила се едноставни: Почитувај го моето време. Цени ми го трудот. Држи си го зборот. Секогаш биди искрен. Остани доследен.rnrn9. Сакам да добивам внимание само од личности што ми се допаѓаат. Другите луѓе не ми се важни.rnrn10. Кога е потребно, знам да сум нежен/на, но ако ситуацијата бара нешто сосема друго, без проблем станувам непокорлив/а.rnrn11. Можам да им давам совети на другите луѓе и да им ги решавам проблемите. Единствено не знам како да си го средам сопствениот хаос.rnrn12. Кога некој ќе ме извади од такт, го убивам во глава барем едно три пати.rnrn13. Потребна ми е врска во која јас и личноста која што е со мене заедно ќе се бориме против светот. Таа личност ќе ја разгалувам до бесконечност.rnrn14. Ако ме познавате ќе оставам печат на вашиот живот. Без разлика дали ќе биде добар или лош, со сигурност нема да ме заборавите.rnrn15. Ако повредите некој мој близок роднина или пријател, ќе дојдам да си го наплатам долгот.rnrn16. Не сум љубоморен/на, јас сум територијален/на. Љубомора е кога сакате нешто што не е ваше, територијалноста значи заштита на нешто што веќе го имате.rnrn17. Не простувам лесно. Штом штетата е веќе направена, тешко дека ќе има назад од тоа.rnrn18. Имам весела природа и добро срце, но одвреме-навреме морам да ја прикажувам мојата силна страна за да не им дозволам на другите да ме заплашуваат или пак уште полошо, да ме искористуваат.rnrn19. Она што за другите е претерано однесување, за мене може да биде однесување соодветно на ситуацијата.rnrn20. Перфекцијата е недостижна, но ако се стремиме кон совршенство, можеме да стигнеме до извонредност.rnrnПогледнете ги и овие 30 буртални вистини за карактерот на Лавовите.