8 симптоми кои укажуваат на нетолеранција на глутен

8 симптоми кои укажуваат на нетолеранција на глутен

Во последните неколку години многу луѓе се решија да се откажат од глутенот. И додека некои сметаат дека тоа е само за привлекување внимание, постојат луѓе кои се навистина алергични или нетолерантни на глутен. Сепак, многумина го слушнале зборот глутен, но воопшто не знаат што всушност значи.

Што претставува глутенот?

8 симптоми кои укажуваат на нетолеранција на глутен

Според Националната библиотека за медицина на САД, глутенот е протеин што се наоѓа во пченицата, ‘ржта и јачменот. Понекогаш и овесот содржи глутен ако дошло до крос-контаминација при пакување. Постојат многу житни култури и брашна што не содржат глутен како пченка, киноа, ориз, компири и соја.

Што е Целијакија?

8 симптоми кои укажуваат на нетолеранција на глутен

Целијакија е дигестивно нарушување што ги оштетува цревата. Луѓето со ова нарушување не можат да консумираат глутен. Болеста може да предизвика долготрајни дигестивни проблеми и да не му дозволува на телото да ги прими сите потребни хранливи материи. Луѓето со Целијакија имаат сериозни реакции кога консумираат глутен.

Што е нетолеранција на глутен?

8 симптоми кои укажуваат на нетолеранција на глутен

Додека Целијакијата ги оштетува цревата, нетолеранцијата на глутен не го прави ова. Чувствителноста на глутен може да има слични симптоми со Целијакијата, но засега нема тест за ова. Истражувачите сè уште учат за чувствителноста на глутен.

Покрај заморот, главоболките и болките во стомакот, нетолеранцијата на глутен може да предизвика трпнење на нозете и грчеви во мускулите. Во продолжение следува детален преглед на најчестите симптоми предизвикани од нетолеранцијата на глутен

1. Замор

8 симптоми кои укажуваат на нетолеранција на глутен

Заморот е еден од најчестите симптоми на нетолеранција на глутен. Луѓето чувствителни на глутен често се чувствуваат изморено, особено по консумирањето храна со глутен. Истражувањата покажале дека 60% до 82% од овие луѓе често искусуваат замор. Сите луѓе се чувствуваат изморено одвреме-навреме, но ако постојано се чувствувате вака, можеби сте чувствителни на глутен.

2. Болки во стомакот

8 симптоми кои укажуваат на нетолеранција на глутен

Друг класичен симптом на нетолеранција на глутен се хроничните болки во стомакот. Овде може да спаѓа сè од подуеност до констипација и дијареја.

3. Болки во мускулите и зглобовите

8 симптоми кои укажуваат на нетолеранција на глутен

Луѓето чувствителни на глутен често имаат болки во зглобовите и мускулни грчеви. Глутенот го вклучува воспалителниот одговор на телото. Ова воспаление ќе го забележите на неколку начини. Некои веруваат дека воспалението предизвикано од глутенот предизвикува болки во мускулите, зглобовите, па дури и артритис.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар