КАФЕ ПАУЗА

Одберете еден ангел и добијте порака за вашата душа

Ангелите нè уверуваат дека постои позитивна страна на сè што ни се случува, и дека можеме да направиме многу нешта со цел да создадеме мирна состојба во нашиот живот. Нивните пораки ни даваат увид во тоа што можеме да го направиме за да го подобриме сопствениот живот, но и состојбата на целиот свет. Погледнете ги следниве 4 ангели и одберете го оној што чувствувате дека ѝ зборува на вашата душа.rnrnrn

1. Сакајте се

rnЉубовта кон себе е темелот на вашиот живот. Кога се сакате, вие исто така и се прифаќате и си простувате за тоа што сте згрешиле. Истата енергија ја ширите и кон другите. Вистината е дека можете да го дадете само тоа што веќе го имате. Кога безусловно се сакате, тоа природно го давате на другите, создавајќи поздрав однос.rnrnЦелата љубов доаѓа однатре, исто како и омразата. Ако се мразите себеси, дури и во најмал облик, вие ќе ја испратите оваа енергија и кон целиот свет, притоа привлекувајќи ја истата наназад кон себе. Љубовта кон себе ја испраќа љубовната енергија кон целиот свет и на тој начин истата ја привлекува назад. Ако се сакате себеси, го сакате целиот свет!rn

2. Правете го она што ви предизвикува радост

rnРадоста е силна енергија, особено кога доаѓа паралелно со љубовта. Кога правите нешта што ви носат радост, вие ја пренесувате таа енергија и на другите.rnrnОд друга страна пак, кога ги минувате деновите во стрес, беда или несреќа, таа енергија почнува да ви влијае на целиот живот. Ова води кон исцрпување. Ако сакате нешто да смените, нешто конечно да ви тргне во добрата насока, тогаш почнете да ги правите оние нешта што ви цртаат насмевка на лицето.rn

3. Престанете да се споредувате

rnКога ги споредуваме нашите животи со другите, ние ја намалуваме нашата вибрација. Споредувањето почнува да ни предизвикува лажно чувство дека се чувствуваме подобро или полошо – ситуации од кои во ниту еден случај нема никаква корист.rnrnЕдинствената личност на која треба да се сосредоточите сте самите вие, бидејќи само вие и можете да се промените. Дозволете им на другите да ве инспирираат и да веруваат во вашиот потенцијал.rn

4. Побарајте мир

rnСветскиот мир почнува со барање мир со себе. Што сте помирни, толку помирен можете да го направите и светот со својата енергија. За вистински мир и добросостојба, прочитајте ги и претходните три пораки, бидејќи ако ги применувате сите овие совети, не постои нешто што нема да можете да го промените во светот.rnrnНо, прво почнете со себе. Медитација, креативна експресија, јога, телесни вежби, правилна исхрана, енергетско исцелување, есенцијални масла, чистење чакри, балансирање… сите овие алатки можат да ви помогнат да привлечете мирна енергија во вашиот живот и истата да ја вратите назад кон светот.rnrnХемијата на човековата душа: Прочитајте ги и овие топли и моќни цитати од Харуки Мураками!