КАФЕ ПАУЗА

На кој начин родителите ги здебелуваат своите деца и како вие да го избегнете тоа?

Како родителите ги здебелуваат своите деца и како вие да го избегнете тоа?

Дебелината кај децата станува навистина сериозен проблем. Иако оваа појава е најчеста во развиените и земјите во развој, детската дебелина е глобален проблем. Никој родител не сака неговото дете да биде дебело, но повеќето деца се соочуваат со дебелина токму поради нив. Иако тоа не ви е намерата, ако вашето дете е дебело најверојатно вината е ваша. За среќа, можете да го промените тоа уште денес.rnrnКако родителите ги здебелуваат своите деца и како вие да го избегнете тоа?rn

ЗОШТО ДЕБЕЛИНАТА КАЈ ДЕЦАТА Е ГОЛЕМ ПРОБЛЕМ?

rnДебелината кај децата не го добива потребното внимание. Дебелото дете се соочува со многу очигледни недостатоци.rn

Разни здравствени проблеми

rnПрекумерната тежина е поврзана со многу здравствени проблеми вклучувајќи дијабетес тип 2, кардиоваскуларни болести, астма, болки во зглобовите, па дури и проблеми со спиењето.rn

Зголемен ризик од дебелина и смрт во зрелоста

rnИстражувањата покажале дека децата коишто се клинички дебели имаат поголеми шанси да се соочат со дебелина кога ќе бидат и возрасни. За жал дебелината е поврзана и со прераната смрт, што значи дека дебелите луѓе имаат пократок животен век.rn

Ниска самодоверба

rnДебелите деца често се жртви на малтретирање на училиште, а ова искуство може да биде навистина трауматично. Како што растат, негативното искуство од детството може да резултира со ниска самодоверба, па дури и депресија. Во најлоши случаи може да води и до самоубиство.rnrnrn

КАКО РОДИТЕЛИТЕ НЕСВЕСНО ГИ ЗДЕБЕЛУВААТ СВОИТЕ ДЕЦА?

rnПостојат многу „нормални нешта“ што родителите секојдневно ги прават, а имаат негативно влијание на тежината и здравјето на децата.rn

Поставувате лош пример

rnКако родители, вие сте херои во очите на вашите деца. Ова значи дека тие го набљудуваат секое ваше движење. Ако сте родител со прекумерна тежина, му праќате едноставна порака на вашето дете – во ред е да биде дебело. На истиот начин децата се обидуваат да ве копираат. Па ако сте личност која не сака физичка активност и ужива во нездрава храна, вашето дете најверојатно ќе се однесува исто. За жал, овој животен стил често резултира со проблеми со тежината.rn

Презафатени сте да готвите

rnЈасно е дека светот во којшто живееме станува сè побрз. Ако не сте внимателни лесно можете да ги сметате активностите како готвењето за трошење време. Веројатно повеќе сакате да порачате пица отколку да потрошите еден час подготвувајќи вечера. Но, речиси секоја брза храна е нездрава. Ако ги одгледувате децата со пица, помфрит и сладолед едно нешто е сигурно – тие ќе имаат проблеми со тежината.rn

Им го одвлекувате вниманието со телевизија

rnАко ги охрабрувате децата да гледаат телевизија и да играат видео игри бидејќи сте премногу зафатени да им обрнете внимание, голема е веројатноста да развијат проблеми со тежината. Гледањето телевизија е лошо од неколку причини. Тоа охрабрува седечки животен стил што директно го намалува времето поминато во физичка активност. Покрај тоа прекумерното гледање често завршува со неконтролирано јадење. Неодамнешно истражување покажало дека седечкиот животен стил и јадењето пред телевизор имаат големо влијание на телесната тежина.rn

Им давате нездрава храна како награда

rnАко му ветите на детето дека ќе му дадете сладолед ако го изеде зеленчукот детето почнува да верува дека сладоледот е одличен а зеленчукот е обврска. На овој начин се зголемува љубовта кон брза и нездрава храна што евентуално води до таложење на мастите.rn

Ги охрабрувате да остануваат дома

rnИако можеби ви е страв да го пуштите детето надвор без да го надгледувате, навистина е лошо да го затворите дома. Ова го охрабрува да биде неактивно, а тоа има влијание на неговата тежина.rnrnrn

КАКО ДА МУ ПОМОГНЕТЕ НА ВАШЕТО ДЕТЕ ДА ОСТАНЕ ЗДРАВО?

rnПостојат неколку едноставни совети што ќе ви помогнат да го подобрите здравјето на вашето дете.rn

Поставете добар пример

rnАко сакате да им помогнете на децата да водат здрав живот, треба да почнете со вас. Пешачете и земете ги децата. Хранете се здраво и охрабрете ги и тие да го прават истото.rn

Давајте му здрава храна

rnВие сте она што го јадете, а истото важи и за вашите деца. Здравата исхрана е нешто што не смеете да го избегнете ако сакате вашето дете да има нормална телесна тежина.rn

Внимавајте на големината на порциите

rnКога станува збор за здравата исхрана, од голема важност е и количината. Децата треба да јадат само колку што се гладни, а не повеќе. Не терајте ги да ја испразнат чинијата бидејќи ова ќе ја зголеми потребата за храна со текот на времето.rn

Избегнувајте ја брзата храна

rnБрзата храна е нездрава и потребно е да ја пренесете оваа порака и на вашите деца. Најдобриот начин да почнете е да го исчистите фрижидерот од нездрава храна. Исто така охрабрувајте ги децата да купуваат здрави оброци доколку јадат надвор.rn

Вежбањето нека стане дел од неговата рутина

rnАко сте навистина загрижени за здравјето на вашите деца, охрабрувајте ги редовно да вежбаат. Ако забележите дека сакаат некој спорт, веднаш запишете ги на часови. Пешачете заедно, трчајте низ домот, давајте им обврски… Правете што било за да ги одржите активни.rn

Исклучете го телевизорот

rnОграничете го времето што вашите деца го минуваат пред телевизор. Најдобро е да не гледаат повеќе од еден час дневно. Истото важи и за видео игрите.rn

Времето за легнување нека биде задолжително

rnСпиењето помага во слабеењето. Па, направете распоред за спиење и натерајте ги децата да се држат до него. Во главно на децата им се доволно 7 до 8 часа сон секоја вечер.rn

Редовно проверувајте го индексот на телесната маса

rnАко се потпирате само на вашите очи за да откриете дали вашето дете е дебело, правите грешка. Редовно проверувајте го неговиот индекс на телесна маса. Ова можете да го направите со многу калкулатори што се достапни онлајн, или можете да го замолите вашиот лекар да го следи.rnrnЗнаевте ли дека дебелината може да стане заразна болест?