КАФЕ ПАУЗА

Научниците сметаат дека дебелината може да стане заразна болест

Научниците сметаат дека дебелината може да стане заразна болест

Постојаната интеракција со луѓе со вишок килограми може да предизвика дебелеење. Научниците од Универзитетот во Јужна Калифорнија тврдат дека дебелината може да биде заразна. А тие не се единствените со ова верување. Неколку истражувања ја потврдиле оваа стара теорија.rnrnНаучниците сметаат дека дебелината може да стане заразна болестrnrnИстражувачите од Универзитетот од Јужна Калифорнија анализирале податоци од проект наречен M-TEENS во кој учествувале 1.111 деца и нивните семејства. Во главно, 25% од тинејџерите и 75% од возрасните биле дијагностицирани со прекумерна тежина што влијае на здравјето, но резултатите варирале од држава до држава. На пример, во Колорадо само 21% од тинејџерите биле со прекумерна тежина, додека во Луизијана процентот бил двојно повисок.rnrnКога истражувачите го анализирале социјалното опкружување, навиките и други фактори, тие откриле дека децата чии родители работеле со дебели луѓе имале поголеми шанси да ја зголемат својата тежина. Ова истражување потврдува дека главниот фактор кој предизвикува дебелина кај членови од социјална група е врската помеѓу тие членови и нивното заедничко влијание на навиките за исхрана.rnrnНаучниците сметаат дека дебелината може да стане заразна болестrnrnПоопширно истражување било изведено од страна на истражувачи од Универзитетот во Хаваи. Тие го смислиле изразот „имитативна дебелина“, односно процес на имитација на луѓе кои имаат прекумерна тежина. За време на набљудувањето на 5.000 тинејџери, се открило дека дебелите тинејџери им „помагаат“ на нивните слаби пријатели да се здебелат.rn

„Ако јадете со пријател со прекумерна тежина, веројатно ќе одберете иста храна како и него. Ова евентуално ќе води кон здебелување“, изјавиле истражувачите.

rnНаучниците сметаат дека дебелината може да стане заразна болестrnrnИстражувачите од Медицинското училиште на Харвард направиле најголем напредок во нивната теорија дека дебелината се пренесува од човек на човек. Тие анализирале група од 12.000 луѓе во текот на 32 години. Дошле до заклучок дека ако вашиот пријател се здебели, вие имате 50% шанси исто така да се здебелите.rnrnНаучниците сметаат дека дебелината може да стане заразна болестrnrnКоја е важноста на овие истражувања? Научниците сметаат дека овие податоци ќе помогнат во развивање нови начини за борба против дебелината. Целта би била воведување на принципите за здрава исхрана во групи, а не индивидуално. Нивните истражувања потврдиле и стара вистина која ни е позната на сите – подобро е да ослабете (или да правите што било) во друштво на пријателите.rnrnДоколку се борите со вишокот килограми, погледнете ги овие необични совети за слабеење кои навистина делуваат.