Малите работи и изливи на нежност ја зголемуваат љубовта меѓу партнерите. Понекогаш во долгите врски сите тие прекрасни нешта ни стануваат навика и забораваме вистински да ги вреднуваме и да бидеме благодарни што можеме да уживаме во нив.rnrn
rnrnОва се дел од најубавите нешта кои треба да ги цените кај вашите љубовни партнери.rn
1. Нивниот вљубен поглед
rnОвој поглед доаѓа потсвесно и е една од најслатките работи која прави да се вљубите уште повеќе во личноста. Некогаш тој поглед е придружен со гризење на усните или кревање на веѓите, но секогаш е долг и полн со љубов.rnrn
rnrn
2. Нивните прекари
rnДали вашиот партнер има прекар за вас или фраза која често ја употребува? Кога ќе ви се обрати по прекар се чувствувате посебно. Значењето на тие прекари и фрази е нешто што само партнерите го знаат, како да имаат свој јазик кој само тие можат точно да го декодираат.rn
3. Поспани бакнежи
rnКолку е прекрасно чувството да се разбудите доцна во ноќта и да почувствувате дека вашиот партнер ве прегрнува или бакнува? На некој начин покажува дека дури и во неговата/нејзината полусвесна состојба ви ја покажува својата љубов.rn
4. Претставувањето пред другите
rnКога ќе ве претстави пред некој познаник како негова/нејзин девојка/дечко, како да сака да му се пофали на светот дека ве има. Тоа што ја носите таа титула е важно за вашиот партнер.rnrn
rnrn
5. Испраќање пораки со охрабрувачка содржина
rnКога сте пред важно интервју за работа или испит од кој ви се тресат нозете, ви стигнува порака која ви вели дека сè ќе биде во ред и дека вие го можете тоа. Ваквите пораки прават да се чувствувате како Супермен. Некогаш во лоши денови, доволна е и една единствена порака која ви кажува дека некој мисли на вас.rn
6. Позајмување облека
rnОва се однесува на девојките, кои на некаков магичен начин секогаш се чувствуваат поудобно во маичката на нивните партнери. Истото важи и кога ќе го добиете нивното палто кога ви е ладно, па се чувствувате како да сте на прв состанок а тој се обидува да ве импресионира.rn
7. Тоа што знаат како да ги поправат нештата
rnКога се чувствувате лошо знае како да ве расположи а кога сте уморни знае како да ве релаксира. Помислете на сите моменти кога тој/таа успеал/а да ги поправи работите и сè да тргне на подобро.rnrn
rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.