КАФЕ ПАУЗА

4 неизбежни караници со нашите мајки коишто се знак за голема љубов и грижа

Врската со мајката е еден од најкомплексните и најпосебните односи во нашиот живот. Но, и тој однос е склон на подеми и падови, па затоа и караниците не се невообичаени. Сепак, во умерена количина, тие се знак дека постои голема љубов меѓу вас и дека искрено се грижите за мислењето што го имате една за друга. Погледнете кои караници кога-тогаш ќе се случат меѓу вас и вашата мајка, но не грижете се, бидејќи тие се сосема нормални…rnrnrn

1. Кариера

rnОткако ќе завршите со школувањето и ќе зачекорите во вистинскиот живот, ќе се соочите со бројни препреки за кои никогаш не сте ни помислувале дека постојат. Од неможноста да најдете работа и недоволното платено работно место што едвај ви ги покрива трошоците, до кариера од која воопшто не сте задоволни, вие ќе се сретнете со многу проблеми. Ова води кон барање хонорарна работа, почнување работа од дома или влегување во сосема нова кариера.rnrnНашата мајка не е навикната на вакви проблеми и промени, бидејќи во нејзино време било сосема нормално да се заврши факултет, да се најде работа по струка и да се остане во една фирма до пензионирање. Со оглед на тоа што ова не е случајот со денешното работење, постојат шанси таа да не ја разбира вашата ситуација, особено ако навлезете во „фриленс работа“, што според неа не влегува во границите на дефиницијата за „вистинска работа“.rnrnСè што треба да направите е длабоко да земете воздух и смирено да ѝ објасните како се чувствувате. Таа многу подобро ќе ве разбере на овој начин отколку со викање.rn

2. Пари

rnКога ќе почнете самите да се издржувате, вие ќе си изградите и сопствен стил за менаџирање пари. Додека мајка ви била одговорна за вашиот џепарлак, таа имала целосно право да контролира на што ги трошите парите. Но, откако ќе почнете самите да ги заработувате, тогаш последниот збор треба да биде ваш. Особено ако веќе не ни живеете во домот на вашите родители.rnrnОвие караници најчесто настануваат поради грижата на вашата мајка дека не штедите доволно и дека нема да имате финансии за евентуалното доаѓање на „црните денови“. Нашите родители се учени повеќе да штедат, а помалку да трошат за свое задоволство. Ова е во директен конфликт со денешниот, помодерен начин на живеење каде што се става акцент на целосно искористување на сегашниот момент.rnrnЗа да не премине караницата во поголем проблем, едноставно објаснете ѝ на вашата мајка дека нема потреба да се грижи за вашата иднина затоа што имате изградено план за штедење за иднината. Таа само треба да ви верува.rn

3. Партнер

rnКога бевме тинејџери, родителите имаа голема улога во „одобрувањето“ на нашите партнери, но со текот на времето ова влијание станува сè помало. Кога ќе пораснете и созреете, вие почнувате да се слушате само себеси кога станува збор за љубовта, и не дозволувате ничие мислење да се меша со тоа што го чувствувате.rnrnАко сте навистина сигурни дека сте со вистинската личност за вас, а вашата мајка е строго против, едноставно објаснете ѝ како се чувствувате и обидете се да организирате повеќе заеднички настани за таа подобро да го/ја запознае. Колку поблиски ќе стануваат, толку повеќе ќе може и таа да види што гледате во оваа личност.rn

4. Семејство

rnВо времето на нашите мајки, жените во просек стапувале во брак околу 21-та година. Денес, границите се многу поместени, и жените во просек стапуваат во брак околу 28-тата година. Исто така, сè повеќе и повеќе жени одлучуваат да станат мајки по 35-тата година.rnrnГолеми се шансите дека вашата мајка ве родила во раните 20-ти, па затоа и не може да разбере зошто вие чекате толку време за да почнете да го создавате вашето семејство. Таа едвај чека да се „смирите“ покрај љубовниот партнер и да почнете да ѝ носите мали бебиња кои таа неизмерно ќе ги сака.rnrnДоколку стапувањето во брак и имањето деца е една од најчестите караници меѓу вас и вашата мајка, вие најпрво мора да разберете дека таа го сака само најдоброто за вас. Според неа, животот со сопруг и деца е нешто необјасниво прекрасно, па затоа и таа толку многу ве притиска – сака да ја искусите истата среќа што ја искусила и таа самата. Наместо да се противите, смирено објаснете ѝ како вие се чувствувате и кои се вашите планови. Таа ќе ве разбере, но ќе ѝ треба малку време.rnrnПрочитајте ги и овие бесмртни изреки на сите мајки, кои ќе ве насмеат и ќе ве потсетат на вашето детство!