Спречувањето на ширењето на бактериите од еден на друг предмет е навистина тешка задача. Бактериите се шират и преку воздухот и имаат можност да завршат на места за кои инаку мислите дека се совршено чисти. Кога станува збор за тоалетот, сите ќе се согласат дека тој е одлично место за настанување и множење на бактерии поради постојаната влага. За да го избегнете и додатното ширење на бактерии, морате да престанете со следниве хигиенски пропусти.rnrn
rn
1. Не го спуштате капакот на тоалетната школка
rnСтанува збор за капакот со којшто се затвора школката. За да го спречите ширењето бактерии низ целиот простор во тоалетот, пред да пуштите вода не заборавајте да го спуштите капакот.rn
2. Одите во тоалет со телефон
rnСакате ли траги од урина и фекалии на нешто што го ставате на вашето лице? Бидете трпеливи за одговарањето на пораките и разгледувањето на социјалните мрежи. Откако ќе завршите со физиолошките потреби, тогаш можете да им се посветите.rn
3. Ретко ја менувате четката за заби
rnСпоред мислењето на експертите, четката за заби треба да се менува на секои 2 до 3 месеци, за насобраните бактерии да не предизвикаат воспалување на забното месо.rn
4. Сушите облека во тоалетот
rnСигурно не сакате да ја сушите долната облека во најпогодното опкружување за бактерии. Облеката е најдобро да ја сушите на отворено, а кога е студено сушете ја во соба без влага.rn
5. Не ги чистите четките за шминка
rnПриборот за шминкање бара темелно чистење барем еднаш неделно. По чистењето, најдобро е да го исушите на воздух. Покрај тоа, не заборавајте редовно да ги менувате крпите за лице и тело – барем на секои 3 дена.rnrnПогледнете и кои работи во вашиот дом треба да ги чистите секојдневно.
