Неверојатна ретка снимка од највисокиот човек на светот
На 22-ри февруари 1918-та година, се родило здраво момче по име Роберт Вадлоу. Нo сепак, никој не можел ни да претпостави дека ова нормално момче ќе биде највисокиот човек во светот.
Неверојатниот раст на Роберт бил напојуван од преактивна хипофизна жлезда. Ова предизвикало неверојатно брзо растење веднаш по неговото раѓање.
На 5-годишна возраст тој носел облека наменета за 17-годишници, бидејќи бил висок 1,63 метри. 3 години подоцна, го надраснал татко му и бил висок 187 центиметри и тежел 90 килограми.
Без сомнение, Роберт бил неверојатно дете, а неговите родители се обиделе да му го направат животот што е можно понормален.
Не му било лесно да учествува во нормални активности бидејќи било потребно да се направат прилагодувања.
Продолжува на следната страница…