КАФЕ ПАУЗА

Франција можеби ќе им забрани на продавниците да ја фрлаат непродадената облека

Франција можеби ќе им забрани на продавниците да ја фрлаат непродадената облека

Знаете ли што претставува изразот „брза мода“? Брза мода е тренд на одбивање парчиња облека бидејќи имаат мали фабрички грешки, или едноставно бидејќи повеќе не се модерни. Како резултат на ова многу продавници ја фрлаат облеката во ѓубре. Ова не само што е загуба на облека, туку предизвикува вистинска криза во природата.rnrnФранција можеби ќе им забрани на продавниците да ја фрлаат непродадената облекаrnrnВо 2012-та година, 84% од несаканата облека во САД завршила во депонија или инсинератор. Во депонијата, облеката го создава стакленичкиот гас метан додека се распаѓа. Покрај тоа маслата, боите и избелувачите на облеката завршуваат во природата испуштајќи токсини во воздухот и водата. Ова е проблем што Франција сака да го реши, барем на нивна територија. Со цел да се постигне ова, Франција предложила забрана за фрлање или уништување на непродадена облека.rnrnФранцускиот премиер Едуар Филип направил план за развој на економијата на државата. Еден од многуте предлози е да се забрани фрлањето на непродадениот текстил. До 2019-та година сакаат да се осигурат дека непродадената роба нема да биде фрлена или уништена. Не е направен одреден распоред, но се смета дека крајниот рок до 2019-та година ќе ѝ дозволи на власта да ја разгледа ситуацијата.rnrnПроблемот со отпадот од текстил се истакнал порано оваа година кога еден жител го снимил уништувањето на облеката од страна на компанијата Celio. Компанијата подоцна изјавила дека облеката бил уништена бидејќи не се носела и била оштетена. Но овој изговор не бил доволен. Неколку недели подоцна се изјавило дека H&M гори околу 12 тони облека секоја година од 2013-та.rnrnСе разбира, виновни се и граѓаните. Секоја година потрошувачите во Европа фрлаат 4 милиони тони облека. Истовремено на пазарот се појавуваат 5 милиони нови парчиња облека. Франција моментално го има еден од најголемите пазари во Европа. Од 700.000 тони облека што се фрлаат, рециклирани се само 160.000.rnrnЗа да се стави крај на отпадот од облека, француските власти се надеваат дека законот ќе стапи на сила до 2019-та година. Овој закон може да се однесува и на покуќнина, текстил хотели, електроника и храна.rnrnАко сакате и вие да престанете со фрлање облека, овие идеи ќе ви помогнат да им дадете нов живот на вашите џемпери.