Кога бевме деца, поголемиот дел од нас секојдневно скокавме на јаже, без да знаеме дека тоа е одлична вежба за нашето тело. Со скокањето на јаже вие го обликувате целото тело, и истовремено слабеете – сè тоа додека лудо се забавувате. Зарем има подобар начин на вежбање?rnrn
rnrnМногу холивудски ѕвезди и топ модели во своите програми за вежбање имаат вклучено и скокање на јаже како кардио тренинг. Тоа е многу поздрава алтернатива на трчањето, кога станува збор за сигурноста на вашите зглобови и колена. Од друга страна пак, не само што ги зајакнувате мускулите на вашите нозе, туку истовремено влијаете и на рацете и рамената, како и на стомачните мускули и срцето. Целото тело е во движење и постојат голем број забавни начини во целост да го искористите јажето при согорувањето калории. Исто така да не заборавиме и на фактот дека станува збор за една од најевтините вежби.rnrnИмајте на ум дека скокањето на јаже не е толку лесно колку што звучи, ниту пак како што го помните од детството. Да, тоа е многу ефективно, но истовремено е и многу напорно. Ако долго време сте биле неактивни, тогаш сигурно ќе се уморите по само неколку минути. Но, не откажувајте се! Нека вашата цел на почетокот биде помала, и како што ќе поминуваат деновите така зголемувајте ги и минутите. Во следното видео се наоѓа вежбата која треба да ја работите, и откако полека ќе ја совладате, пред вас ќе следува само успех! За само неколку месеци вие ќе имате одлично тело кое со гордост ќе го покажете во бикини на плажа…rnrn
Подгответе се за летниот одмор: Едноставна 10-минутна вежба за совршено обликувано тело
