7 начини на воспитување деца низ светот коишто и Македонците можат да ги применат
Не постои еден, унифициран начин според кој родителите можат да се водат во воспитувањето деца. Тие го даваат најдоброто од себе, врз основа на тоа како самите се воспитани и во кои вредности веруваат и ги почитуваат. Затоа и не ни може да постои еден начин на воспитување, кој ќе може да се следи од книга и да се применува.
Сепак, можете да ѕирнете подалеку и да дознаете како се воспитуваат и одгледуваат децата и низ светот, па дури и да се обидете нешто од тоа да примените.
1. Во Данска, родителите ги претвораат негативните ситуации во позитивни
Овие родители најчесто се обидуваат од секоја негативна ситуација да го извлечат најдоброто, за да ги научат своите деца на оптимизам. Нивниот фокус е да се негува позитивноста, со тоа што ги мотивираат да го вежбаат она во кое се добри, наместо да инсистираат да го научат она во кое не се.
2. На Полинезиските Острови, постарите деца се грижат за помладите
Во воспитувањето на најмалото дете се вклучени сите членови од семејството, а најмногу постарите деца. Ова се случува бидејќи родителите поминуваат многу време надвор од дома, работејќи.
3. Во Аргентина, времето за легнување не е строго одредено
Многу родители сметаат дека децата треба да си легнуваат во точно определено време, но во Аргентина тоа не е така. Овие родители, заедно со шпанските, сметаат дека децата треба да бидат вклучени и во вечерните активности на семејството, дури и тоа да значи да останат будни нешто подоцна од вообичаено.
4. Во Франција, родителите ги учат децата дека треба да уживаат во храната
Во оброкот треба да се ужива, а не да се брза само колку да биде изеден. Во ова веруваат, но и го применуваат француските родители. Општо, во француската култура храната служи за да се ужива во нејзиниот вкус и тие никогаш не брзаат да ја изедат порцијата, ниту пак ги форсираат децата да јадат нешто што не им се допаѓа.
5. Во Јапонија, децата сами користат јавен превоз
Во возовите во Јапонија често може да се забележат деца кои сами одат некаде. Секако, благодарение на технологијата, родителите цело време ја контролираат нивната локација, но исто така им веруваат дека ќе стигнат онаму каде што тргнале и потоа ќе се вратат дома.
6. Во Виетнам, децата се ставаат на нокширче уште на 9-месечна возраст
Во Виетнам и уште неколку азиски држави, учењето на детето да користи нокширче, односно да се откаже од пелени, започнува на 9-месечна возраст. Во САД, на пример, оваа практика започнува кога детето се наближува до третиот роденден.
7. Во Кина, бабата и дедото играат важна улога во воспитувањето
Бабите и дедовците најчесто живеат во заедница со семејството, па така играат и важна улога во одгледувањето на децата. Кинезите не вработуваат дадилки, туку се потпираат на своите роднини кога треба да им се чува детето.
Прочитајте ги и овие 9 причини зошто родителите треба да бидат отворени со нивните деца.