Едно од најнепријатните чувства е кога се будиме со „мртов“ екстремитет поради непозната причина. Речиси и да нема човек во светот кој не ја почувствувал оваа сосема нормална појава веднаш по будењето. Зошто се случува таквото отрпнување?rnrn
rnrnСпоред науката, тоа е нормална реакција на телото, односно нервите сигнализираат дека треба да ја промените неудобната положба во која спиете. Неправилниот притисок ги стимулира стресните нерви. Отрпнатоста не треба да ве загрижува доколку сте целосно здрави, бидејќи тоа е знак дека вашите витални функции се во совршен ред. Доколку имате некоја дијагноза, пријавете го отрпнувањето кај вашиот лекар.rnrnИсто така, ваквата појава има и превентивна улога, бидејќи ве потсетува да се вратите во удобна положба. Кога не би се случувало отрпнувањето, би останале долго време со лоша поставеност на телото и тоа би предизвикало оштетување на некој мускул или зглоб.rnrn
rnrnСледниот пат кога ќе се разбудите со „трпки“ во рацете или нозете, веднаш обидете се да заземете што поприродна и поудобна положба. Кога ќе ја пронајдете, за неколку минути ќе ви се врати чувствителноста на екстремитетот. Но, доколку „умртвеноста“ не поминува за кратко, консултирајте се со лекар, дури и ако нема видливи знаци дека можеби вашето здравје е нарушено.
Се разбудивте со отрпната рака? Не плашете се, тоа е нормална појава
