Исхраната на кралицата Елизабета со којашто го одржува своето неверојатно здравје

Сподели

Кралицата Елизабета, монархот кој најдолго владее со Обединетото Кралство, оваа година полни 92 години. Иако многу работи се промениле во текот на нејзиното владеење, според нејзиниот поранешен готвач, начинот на исхрана не ѝ се променил многу. Два пати недело, кралицата добива листа со предлози за оброци и ги бележи оние што ги сака. Па, кои опции се наоѓаат на листата?

Реклама

rn

1. Чај со бисквити пред појадок

rnКралицата го започнува нејзиниот ден со свежо подготвен чај без шеќер и неколку бисквити.rn

Реклама

2. Појадок со житарици и тост

rnВообичаениот појадок на кралицата вклучува овошје и житарици. Понекогаш се почестува и со препечен леб со џем или мармалад, а друг пат пак, појадува и пржени јајца со лосос и тартуфи. Според нејзиниот поранешен готвач, кралицата најмногу уживала во свежите тартуфи околу Божиќ кога ги добивала како подарок.

rn

3. Чаша џин пред ручек

rnНаводно, кралицата ужива во коктел пред ручек – џин со многу мраз и парче лимон.rn

Реклама

4. Без скроб за ручек (и вечера)

rnКралицата руча околу 1 часот попладне. Најчесто ручекот се состои од риба со спанаќ, тиквички, или пак печено пилешко со салата. Кралицата избегнува скроб речиси секој ден, па на нејзиното мени нема тестенини, ориз или компири.

rn

5. Попладневен чај со торта и сендвичи

rnПопладневниот чај се служи со мед и закуска, како и чоколадна торта која кралицата ја обожува. Според нејзиниот поранешен шеф на кујна, за време на чајот се нудат 2 вида сендвичи со краставица, лосос и јајце со мајонез или со шунка и сенф. Покрај тоа, кралицата уживала и во леб со џем исечен на мали кругови.rn

6. Бифтек за вечера

rnКралицата сака месо од локалните фарми. Омилен ѝ е бифтекот со сос од печурки, крем и виски. Понекогаш јаде јагнешко, телешко или гускино месо. Без разлика на видот, место секогаш треба да е добро испечено. По главното јадење следат јагоди или праски кои се одгледани во нејзината градина.

rn

7. Чаша шампањ после вечера

rnСпоред некои извори, кралицата го завршува својот ден со чаша шампањ. Шампањот е избран од 8-те брендови кои имаат кралски налог. Кралскиот налог значи дека производите се прават за член од кралското семејство.rn

8. Чоколадо

rnПоранешниот готвач на кралицата изјавил дека таа навистина сака чоколадо, најмногу темно.

Како што можете да видите, исхраната на кралицата не е премногу строга. Готвачот споменал дека на кралицата повеќе ѝ е грижа за коњите и кучињата отколку за нејзиниот начин на исхрана. На нејзина возраст, таа сè уште јава и оди на прошетка со нејзините кучиња.

Погледнете и кои се најчудните предности кои ги ужива само кралицата Елизабета.

Најново

Може ќе ве интересира